Многу полесно од предвидувањата, екипата на Пелистер стигна до победата во дуелот со особено амбициозниот состав од Чаир.
ПЕЛИСТЕР – ЧАИР 2030 85:55
Дуелот на две екипи до горниот дом, не донесе многу неизвесност. Од причина што екипата на Пелистер беше далеку подобра во целиот тек на средбата во салата „Боро Чурлевски“.
„пелистерци“ беа подобри од првата практишно до последната минута. Во првиот период имаа позитива од седум поени (18:11), до одморот тој „вишок“ беше уште поголем (41:26). Благодарение на многу подобрата игра во дефанзивнито сегмент на мечот во Битола.
„Зелено-белите“ не попуштија ниту по „големиот одмор“, но последниот удар го зададоа во првите шест минути од последната четвртина во која направија скор (15-5), со кој стигнаа до недостижни (78:50).
Магдевски постигна 19.поени, Најт даде 17, а од стартерите Планиниќ дополни со 15, а Маслинко уште со 12. поени. А на другата страна од игралиштето, солидни Какруки со 14, и Галовеј кој постигна 12.поени.