11.11.2023

Ниту „Д“ од дербито на двете екипи кои се дел од АБА 2 лигата, во Битола, потполна доминација на Пелистер против ТФТ Моцарт (87:70)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер доминантен против ТФТ

Максимален тимски ефект прикажаа кошаркарите на Пелистер во дуелот на двата македонски „аба-два“ лигаши“ во Битола. И вистинска доминација на теренот во салата „Боро Чурлевски“...

ПЕЛИСТЕР – ТФТ МОЦАРТ 87:70

Особено добар почеток на Пелистер во дербито на ова 7.коло. Особено добро, во првите десет минути одигра Стојановски, кој реализираше 12. поени, и го поведе битолскиот тим кон сигурно водство. На истекот на десеттата минута беше (28:21) за „бело-зелените“.

По поените на Планиниќ и на Бернард, Пелистер поведе и со (42:26). Едноставно, како да го снема на теренот тимот во црна комбинација на опремата. А домаќините максимално го искористија тој празен чекор на противникот. Имаа и плус 20 (48:28) пред крајот на полувремето.

Продолжија гостинските играчи со анемична игра и во вториот дел од средбата коај требаше да го одбележи ова седмо коло.

Но од тоа немаше ништо...

Пелистер продолжи со доминацијата, по три одиграни периоди, сето тоа делуваше и повеќе од убедливо за екипата домаќин. Поведоа битолчани и со (74:47), па онаа последна четвртина гостите ја искористија макар и да го упристојат поразот, прв за нив по подолго време.

Максимален тимски ефект прикажаа кошаркарите на Пелистер во дуелот на двата македонски „АБА-два“ лигаши“ во Битола.

Серијата на Пелистер, пак трае... По заслуга на четири од петмината стартери, а со блескави потези, сепак се издвои репрезентативецот Андреј Магдевски, кој освен 13 поени, додели шест (половина од нив неверојатни додавања), ист број на поени имаше и неговиот репрезентативен соиграч, Андреј Маслинко, а најефикасен, со 15.поени, сепак беше Стојановски, кој 12 од нив ги постигна во првото полувреме во кое практично и беше решен победникот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО

Навико Академија ФМП – Работнички        (ВО ТЕК)

Кожув – Вардар    65:48 (ВО ТЕК)

Пелистер – ТФТ Моцарт 87:70

Гостивар – Чаир 2030     89:84

Еуро Никел 2005 – Охрид         100:59

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 73:64

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13, Чаир 2030 12, Пелистер 12, ТФТ Моцарт 12, Еуро Никел 2005 10, Феникс 2010 10, Работнички 9, Вардар 9, Гостивар 8, Кожув 7, Охрид 7, Навико Академија ФМП 6;