11.12.2022

Битолчани знаеја како да се справат со младиот состав на Феникс 2010 (73:60), и да избијат на челната позиција на табелата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер е прв!

Со големи осцилации одиграа двете екипи, особено тоа се однесува за првото полувреме, во кое битолчани сепак креираа двоцифрена предност. На крајот се покажа како доволна да стигнат до триѕмф во Скопје, и од вечерва да бидат први на табелата во Првата лига (скор 8-1), пред утрешниот натпревар во Гевгелија (18.часот), каде нивниот конкурент за лидерското место, МЗТ Скопје Аеродром му гостува на Кожув 

ФЕНИКС 2010 – ПЕЛИСТЕР        60:73

Пелистер бше подобра екипа во првото полувреме. Предводени од двоецот Мустафица-Хаџифејзовиќ, во раната фаза од натпреварот се стекнаа со солидна предност, која на крајот на првата четвртина изнесуваше осум поени (24:16).

На почетокот на вториот период, по две минути, Пелистер поведе и со уште повисоки (30:18). Но со серија од (9-2), Феникс 2010 успеа да се врати назад во натпреварот, поточно да намали на (27:32), кога се играше 15. минута.

По тројката на Трајковски, домашната екипа беше уште поблиску до нерешен скор (32:34), а го донесе Митревски, кој постави (34:34),

Но екипата од Битола имаше многу подобар финиш во првото полувреме. „Зелено-белите“ ги дочекаа своите три минути во кои имаа контра-серија, изразена со (11-1), за двоцифрен плус, (45:35) на одморот.

Слична ситуација на теренот и во продолжението од мечот кој се играше во СЦ „Јане Сандански“ каде Феникс 2010 се врати да ги игра домашните натпревари.

Односно домаќините се доближија на достижни (47:51), по седум минути играње во третата четвртина, во кои ги задржаа „пелистерци“ на само шест реализации. Но Карутерс и Хаџифејзовиќ го одбија и тој напад на Феникс 2010, ја вратија предноста на двоцифрени, (57:47). А по тројката на Карпентер, стигнаа и до највисоки (60:47), пред почетокот на последниот период.

Последната четвртина беше налик на претходната, минути во кои Феникс 2010 испраќаше нови закани, но без краен ефект околу евентуална промена на водството. „Пелистерци“ играа трпеливо, на долги напади, максимално го искористија своето искуство, но и поделбата на поените која беше доста добра. Петорица играчи беа „двоцифрени“. Карутерс имашпе 17, Хаџифејзовиќ даде 15, Мустафица и Стајиќ по 13, а Карпентер уште десет поени

Кај Феникс 2010, Такер даде 12, Трајковски имаше дабл-дабл од 11.поени и 10.скока, а Митревски додаде уште 10.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 9. КОЛО

Еуро Никел 2005 – Гостивар     92:86

Феникс 2010 – Пелистер            60:73

Струмица 2022 – ТФТ      84:111

Куманово 2009 - Навико Академија ФМП  83:102

Чаир 2030 – Работнички            23:44 (прекин)

12. ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: Кожув - МЗТ Скопје Аеродром

Сала „26.април“- Гевгелија

ЛИНК: https://youtu.be/R9mloyoMYd8

ТАБЕЛА: Пелистер 17, Гостивар 16, МЗТ Скопје Аеродром 15 (-1), ТФТ 14, Еуро Никел 2005 14, Феникс 2010 14, Работнички 12 (-1), Навико Академија ФМП 12, Кожув 11 (-1), Куманово 2009 11, Чаир 2030 10 (-1), Струмица 2020 10;