17.11.2022

По израмнетото прво полувреме, битолчани притиснаа во третата четвртина и го скршија отпорот на Чаир 2030 за конечни, (91:70)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер го држи чекорот со врвот

По релативно израмнетото прво полувреме, на битолчани им беа потребни само пет минути во продолжението, да „побегнат“ и да осигураат нов триумф во домашното првенство.

ПЕЛИСТЕР – ЧАИР 2030 91:70

Гостите од Скопје беа рамноправен противник во првата четвртина, и во најголем дел од втората. По десет минути игра во Битола, резултатот беше егал, двете екипи имаа по 23.реализации.

Во онаа втората, процентот на ефикасност драстично опадна, скоро двојно повеќе. Но и во една така неефикасна четвртина битолчани подобро се снајдоа и обезбедија предност, иако не висока (38:33).

Се беше поинаку по големиот одмор. На теренот како да истрчаа некои две други екипи...

„Пелистерци“ заиграа ефикасно, чаирчани сосема спротивно. Не успеаа да пронајдат решенија за агресивноста на домашната екипа во одбраната. Имаа само три поени за четири минути. На другата страна Пелистер дојде до 22, за највисоко водство од (60:36), кое го имаа на средината на третиот период.

Слично беше и на крајот на тој доста ефикасен дел од играта, кој Пелистер го затвори со плус 20, (70:50).

Хаџифејзовиќ одново беше лидер на поентерите кај „зелено-белите“ (во трите четвртини постигна 22.поени). Но, вечерва доби одлична поддршка од бековскиот двоец Стајиќ-Караџовски, кои исто така завршија како „двоцифрени“, а потоа и од Карутерс односно Сапунџиев, кои финишираа со по 11.реализации.

Јусуф Мохамед беше двоен во две категории, поените (26) и скоковите (12), а бројката од најмалку десет поени ја надмина и Бунч, кој изброи 11.поени, за Чаир 2030,е кипа која беше без помошта на казнетиот тренер Ерхан Рамадан, и која го запиша четврттиот негативен резултат во шест одиграни натпревари.

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

ТФТ – Кожув           103:80

Пелистер – Чаир 2030    91:70

19.НОЕМВРИ (САБОТА):

12.30: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/0JzGhjIO5EY

17.00: Работнички – Навико Академија ФМП

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/oUHxdvXBos0

19.00: Гостивар – Струмица 2022

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://youtu.be/-cs_SIFwnug

22.НОЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром -  Куманово 2009

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/AJi8sxkun28