01.02.2023

Битолчани имаа одличен почеток во „Кале“, играа со осцилации, но иако ослабени беа подобри од „црвено-белите“ (88:79)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер го победи Работнички, и дојде на чекор до МЗТ Скопје

Последниот натпревар од 13.коло донесе игр со доста осцилации, прво резултатски, а потоа и играчки. Иако без двајца стартери, Стајиќ и Хаџифејзовиќ, Пелистер имаше супер-старт во „Кале“, во раната фаза од мечот се стекнаа „зелените“ со убедлива предност, но некако премногу лесно ја испуштија, му дозволија на домашниот тим да ја анулира. Но не и да стигне до победата.

Двата бода, и тоа како важи одат во Битола... 

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР        79:88

Повеќе од добар почеток на последниот меч од 13 коло од Првата лига имаа кошаркарите на Пелистер. За нешто повеќе од седум минути „зелено-белите“ направија помалку неверојатни, но сосема вистинити (23:6). На истекот на првиот период, нивната предност беше нешто помала (28:16).

Одлична беше играта на гостите од Битола и на почетокот на вториот, кога повторно изградија високи (39:22), позитива која ја имаа во 14 минута од играта.

Се чини дека токму  од тој момент заиграа домашните кошаркари како што тоа од нив го бара тренерот Димитар Мираковски. Одново се доближија на (32:43), а на влезот во последната минута заостанувањето на Работнички веќе беше едноцифрено, и достижно, (38:46).

Но тоа не беше се од „црвено-белите“ затоа што во последните 60 секунди погодија Бакоч и Форте за отворен резултат на одморот (42:46).  

 

И третиот дел подобро го отворија „пелистерци“, сега со серија од (7-0) за да ја вратат позитивата на двоцифрена (53:42).  Но уште еднаш реагираа кошаркарите на Работнички, не дозволија ново резултатско оддалечување, напротив...

Вратија со (9-3), за (51:56), и го натераа тренерот на битолчани на тајм-аут во тој средишен дел од третата четвртина.Форте и Малешевиќ веќе беа на двоцифрен скор, блиску до тоа беше и Бакоч.

Од друга страна во таква, поентерска улога беше, во прв ред, Карпентер, со сосема добра подршка од Карутерс.

Работнички се доближи и до уште пониски (56:58), пред серијата да ја прекине Михајлоски, со „два плус еден“ игра, за (61:56). За кратко, затоа што домашната екипа имаше и обид да дојде во водство, но Нотиџ не погоди за три, па на семафорот остана водството за Пелистер (66:64), по три одиграни четвртини.  

Токму Михајлоски беше изненадувањето за одбраната на Работнички, продолжи да погодува, и да му донесе одново солидни (73:64) на својот тим во воведниот дел од последниот период.

Скоро пет минути „бело-црвените“ беа на само постигнати три поени. Казнија Караџовски и Карпентер, за да ја оддржат повеќе од солидната разлика (78:67).

Крајот беше далеку, натпреварот кој драматичен финиш го однесоa седумте неодговорени поени на домашниот состав. На 2:44 минути пред крајот, Работнички одново се приближи, сега на (74:79). Но Пелистер го имаше Карпентер, по неговиот 30.поен, гостите од Битола имаа (83:74), а имаше 1:45 минути пред крајот на натпреварот. 

После овој особено важен триумф во Скопје, „пелистерци“ имаат ефект од десет победи и три порази сега се само на еден чекор зад лидерот МЗТ Скопје Аеродром (11-2). Работнички останува на седум порази, сега и шест порази

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

Работнички – Пелистер  79:88

ТФТ – Чаир 2030   87:75

Куманово 2009 – Еуро Никел 2005    63:72

Струмица 2022 – Кожув 53:104

Навико Академија ФМП – Феникс 2010      76:96

Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром     88:69

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 24, Пелистер 23, Гостивар 22, Феникс 2010 21, Еуро Никел 2005 21, ТФТ 19, Работнички 20, Кожув 18, Куманово 2009 16, Чаир 2030 16, Навико Академија ФМП 16, Струмица 2022 15;

ИДНО КОЛО (4/5/6 ФЕВРУАРИ)

Кожув – Куманово 2009

Пелистер – Навико Академија ФМП

ТФТ – Гостивар

Феникс 2010 – Струмица 2022

Еуро Никел 2005 – Чаир 2030

МЗТ Скопје Аеродром - Работнички