Вечерва се играше уште еден натпревар од 5.круг. Оној во Куманово, беше доста израмнет, со доста израмнувања, и чести промени на водството. На крајот, кога требаше, Пелистер се покажа како постабилна екипа, одиграа гостите од Битола многу посмирено, посконцентрирано во моментите кога се кршеше резултатот.
И победија, заслужено.
КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР 78:81
Куманово и Пелистер беа рамноравни ривали во првото полувреме. Или 20.минути во кои ниту една од двете екипи не успеа да направи некоја посериозна предност. Највисоката предност, од шест поени, ја имаа гостите од Битола. Во 13.минута поведоа со (30:24), по што успеди серијата од (10-0) на Куманово, за пресврт.
Односно нивно водство (34:30) кое го „режираше“ искусниот Јанески (имаше 12.поени до крајот на првиот дел). Со иста мерка врати уште еден искусен играч, Караџовски, кој ја врати предноста на страната на Пелистер (36:34).
Слично се одвиваа работите и во второто полувреме. Промена имаше во водството, исто така од шест поени, кое сега го имаше Куманово, по поентирањето на расположениот Јанески, во 26.минута беше (53:47) за домашната екипа во која, исто така, за промена, Зивчевиќ стана вториот „двоцифрен“ играч.
На другата страна тоа беше Хаџифејзовиќ, момент плус за констатацијата колку израмнет беше овој натпревар во салата „Перо Наков“ во Куманово.
На истекот на третата делнмица, на семафорот стоеше (60:64) откако Сапунџиев погоди за три поени.
Нерешено (74:74) беше и на три минути до крајот. Оние во кои „пелистерци“ се снајдоа многу подобро. Ги добија , што се вели, „на искуство“. Но имаа голема „помош“ од противникот, кој одигра крајно деконцентрирано во финалните минути, з ашто беа казнети со нов пораз, за нив четвртти во пет одиграни кола.
Со овој триумф, Пелистер го држи приклучокот со врвот на табелата. Имаат „зелено-белите“ ефект (4-1), исто како и Феникс 2010, и победа помалку во однос на лидерот Гостивар.
Хаџифејзовиќ даде 20.поени, Караџовски 15, Карутерс 14, а Мустафица пак заврши со дабл-дабл ефект од 12 поени и 13.скока за Пелистер.
Во Куманово, Јанески застана на двоен скор од 26.реализирани поени и десет скока, Јузбашиќ даде 16, а Зивчевиќ и Смит останаа на бројката 11.
Средбата МЗТ Скопје Аеродром-Струмица 2022 ќе се игра на 15.ноември, по паузата поради настапите на нашата најдобра машка селекција во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО
Куманово 2009 – Пелистер 78:81
Работнички – ТФТ 83:82
Еуро Никел 2005 – Кожув 79:61
Чаир 2030 – Феникс 2010 78:97
Навико Академија ФМП – Гостивар 83:93
15.НОЕМВРИ (ВТОРНИК):
18.00: Струмица 2022 – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Парк“ - Струмица
ТАБЕЛА: Гостивар 10, Феникс 2010 9, Пелистер 9, Еуро Никел 2005 8, МЗТ Скопје Аеродорм 7 (-1), ТФТ 7, Кожув 7, Чаир 2030 7, Навико Академија ФМП 6, Работнички 6, Куманово 6, Струмица 5 (-1),