МЗТ Скопје Аеродром со победа го затвори регуларниот дел во кој заврши како првопласиран. Но со играта во дерби-дуелот против Пелистер, „металците“ не покажаа дека се максимално подготвени да тргнат во одбранат на драгоцениот трофеј.
Веројатно сеуште под „влијание“ на случувањата во АБА лигата каде го загубија статусот на „прволигаши“, аеродромци одиграа меч со преголем број на осцилации. На крјаот влегоа и во зона на пораз, но пелистер не ги искористи сите тие слабости, евидентирани и на овој натпревар, па својата шанса за „поправен“ ќе ја чека ако стигне до финалето на плеј-офот. Секако под услов таму да биде и екипата која го брани пехарот...
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР 95:93
МЗТ Скопје имаше постојана играчка, но и резултатската предност во дерби дуелот на 22. коло. Домаќинот поведе и со (65:48) во 27 минута од играта, по што следуваа девет по ред поени за Пелистер, доволно да намали и на „само“ (64:72), со оглед на високата предност која ја имаше шампионот нецели две минути порано.
Следуваше и техничка грешка на Стајиќ, доволно за „сино-белите“ со контра-серија од (7-0) одново да има комотна предност (79:65). Но Пелистер немаше намера да се предаде, иако доста нервозно продолшија и во последниот дел, битолчани стигнаа на едноцифрен минус. По тројката на Стајиќ и поентирањето на Сапунџиев се доближија на достижни седум поени негатива (78:85), за тренерска реакција од домашната страна, по само две и пол минути играње во последниот период.
Далеку беше крајот, а Пелистер се врати уште еднаш. Дојдоа „зелените“ и на поен негатива (93:94). Имаа и шанса да поведат, но беа, делуваа брзоплетно гостите од Битола во моментите на одлука.
На 19. секунди пред крајот, Хаџифејзовиќ заработи и исклучување, казни Дамјан Стојановски, за (95:93), кои се покажаа како конечни, затоа што Карпентер не погоди за евентуално продолжение.
Во плеј-офот, МЗТ Скопје Аеродром тргнува против Кожув, а следниот викенд кога тргнува доигрувањето за титулата, Пелистер за противник ќе го има Феникс 2010.
РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ 58:86
Кожув го одигра веројатно и својот најдобар натпревар на гостински терен, макар и на крајот на првиот, регуларен дел од сезоната. Во СРЦ „Кале“, против Работнички, гевгеличани најавија дека сакаат и нешто повеќе од осмото место на табелата, кое за ривал во четвртфиналето им го носи бранителот на титулата-МЗТ Скопје Аеродром.
Го најавија тоа избраниците на тренерот Александар Јончевски уште во првата четвртина која ја решија во своја корист, а ја потврдија и со продолжување на добрата игра и во втората.
На полувремето, Кожув имаше изненадувачки, но само за оние кои не го гледаа мечот, и заслужени (42:30).
Но не се задоволија со тоа, гостите имаа и плус од точно 20. поени (50:30), во воведните минути од третата четвртина. А ја завршија со недостижна позитива (68:45).
Ако се исклучи ефектот на искусниот Штерјов, другите четири стартери на Кожув одработија одлично. Братож ги предводеше поентерски, реализираше 21.поен, Гордон броеше до 17, Ризвиќ имаше 14, а Главчев уште десет поени за тимот од Гевгелија кој го заврши овој дел од сезоната со скор од десет победи во 22. одиграни натпревари.
Работнички и дефинитивно останува на позицијата 5, онаа која за ривал во четвртфиналето на плеј-офот, им го носи четврттопласираниот Гостивар.
На овој меч кој „црвено-белите“ треба што побрзо да го заборават, Умпиг даде 16, а Малешевиќ уште 11. поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22.КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 95:93
Работнички – Кожув 58:86
Навико Академија ФМП – Еуро Никел 2005 76:87
ТФТ Mozzart – Куманово 2009 107:70
Гостивар – Феникс 2010 (во тек)
23. АПРИЛ (НЕДЕЛА):
17.00: Струмица 2022 – Чаир 2030
Сала „Парк“ - Струмица
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/W7dLJ5Edn3Q?feature=share
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром (20-2), Пелистер (17-5), ТФТ Моzzart (15-7), Гостивар (14-7), Работнички (13-9), Феникс 2010 (11-10), Еуро Никел 2005 (12-10), Кожув (10-12), Чаир 2030 (6-15), Навико Академија ФМП (5-17), Куманово 2009 (5-17), Струмица 2022 (2-19);