05.12.2022

Многу работи на мечот во Битола беа решени во првото полувреме, на крајот, убедливи (96:84) за „зелено-белите“

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер останува на врвот, „архивиран“ и Кожув

Многу работи на мечот во Битола беа решени во првото полувреме. Во второто беше доста поизрамнето, на крајот, сигурна победа, седма за Пелистер во осум одиграни натпревари. 

ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ         96:84

Максимално сериозно тргнаа домашните кошаркари во поход на уште два бода на првенството конто. Брзо го наметнаа својот препознатлив, ефикасен стил на игра. Со многу реализации за што сведочи и бројот на дадени поени во првите десет минути – 29.

Од друга страна му дозволија на гостинот од Гевгелија да постигне 17. И во таа рана фаза од натпреварот да играат уште послободно, видливо и на резултатот на полувремето. Имаа „пелистерци“ уште повисоки (55:37), кои според прикажаното во тие 10.минути беа тешки за стигнување во вториот дел од играта.

Тројца домашни играчи, Мустафица, Карутерс и Карпентер брзо ја пополнија графата на поени, заедно искомбинираа 35.поени, скоро како комплетниот гостински тим каде во листата на стрелците се запишаа, сосема коректно, шест играчи. Најмногу осум, имаше Главчев, еден помалку Хантер.

Но проблем на Кожув беше реализацијата, која беше под 50%, особено во шутот за три поени (3/13), и бројот на загубени топки – 12.

Гевгеличани добро почнаа по одморот. Со серија од (10-4) се спуштија на (47:59). Но не направија нешто повеќе од тоа. Стајиќ се погрижи за дополнителен „мир“ во играта на Пелистер, (66:51), за тој трет дел заврши со слични (78:62).

Во оној последниот не с еслупија „тектонски промени“, ниту во играта, уштѕе помалку во резултатот. Битолските „зелено-бели“ умешно ја бранеа двоцифрената предност,и на крајот заслужено стигнаа до седмиот триумф во сезоната кој ги става на делба на првото место на табелата заедно со екипата на Гостивар.

Освен Караџовски, останатите четири стартери во Пелистер беа „двоцифрени“. Најмногу реализации, 24 имаше Мустафица, додека 17 даде Карпентер, иако го почна мечот од клупата за резервни играчи.

Во гевеглискиот состав, првиот стрелец во лигата, Американецот Мајрон Гордон заврши со 23.поени, неговиот сонародник Хантер даде 15, Ризвиќ имаше 14, а Главчев и Јузбашиќ по десет.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 8. КОЛО

Пелистер – Кожув 96:84

Навико Академија ФМП – Струмица 2022  89:80

Гостивар – Чаир 2030     86:68

ТФТ – Феникс 2010          74:79

Работнички – Куманово 2009  119:83

6. ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/82Z5tI3K6gA

ТАБЕЛА: Пелистер 15, Гостивар 15, МЗТ Скопје 13 (-1), Феникс 2010 13, ТФТ 12, Работнички 12, Еуро Никел 2005 11 (-1), Кожув 11, Куманово 2009 10, Шаир 2030 10, НАвико Академија ФМП 10, Струмица 2022 9;