07.02.2024

Потешко од очекуваното, битолчани стигнаа до победата (85:77) во салата „Билјанини извори“

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ го издржаа охридскиот притисок

Во текот на натпреварот, фаворитот имаше прендос ти од 15.поени, но победата ја „потврди“ во последните две минути од играта...

ОХРИД – ПЕЛИСТЕР         77:85

По само две минути игра во вториот период, Пелистер стигна до двоцифрени (32:22). Разлика која ја „пелистерци“ ја подигнаа на уште повисоки (47:32), кога се играше 16.минута во салата „Билјанини извори“.

На полувремето, Планиниќ имаше 11.поени, Костоски девет (3/3 за три поени). До поени дојде комплетната прва петорка. Но добија поентерска „логистика“ од дури четири резервни играчи.

На другата страна, новакот во составот на Охрид, бревер дојде до 13.реализации, го следеше Лајонс со 11.

На полувремето, тимот од Битола водеше, но „само“ со (47:38).

Во второто, следуваа периоди на добра, но и на лоша игра на двете екипи. Прво Охрид дојде на само еден посед негатива, имаа домаќините минус од само три поени (52:55). Но Пелистер имаше одговор и тоа каков. За неколку минути ја врати комфорната позитива. Уште еднаш се одвои битолскиот состав. Во 28.минута, по серијата (12-1) одново имаше високи (67:53).

Но потоа уште еднаш дојде редот на охриѓани. До крајот на четвртината намалија на (57:67). И не застанаа со „притисокот“. Ги донесе уште еднаш до достижна разлика. На 2:40 минути до крајот, Пелистер водеше, но не така убедливо, (78:73). Но во финалните две, во вистински момент дојде тројката на Костоски, за (81:73). Веднаш, од истата позиција, врати Димовски (76:81).

Сите дилеми ги тргна токму Костоски. Искусниот бек на Пелистер мирно ги реализираше двете слободни фрлања, за недостижни (83:76) кога останаа да се доиграат само 47.секунди.

Костоски заврши со 22 поени (6/8 за три поени), Планиниќ го следеше со 15.поени. Додека пак во Охрид, Бревер застана на 28.поени, а Лајонс имаше дабл-дабл ефект од 14.поени и 10.скока (и 6.асистенции).  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

Охрид – Пелистер            77:85

ТФТ Моцарт – Кожув       (во тек)

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром (во тек)

Феникс 2010 – Гостивар 105:90

Чаир 2030 – Навико Академија ФМП           103:73

Работнички – Вардар      101:58

ТАБЕЛА: Работнички 28, Еуро Никел 2005 27 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 27 (-1), Пелистер 27, Чаир 2030 25, Феникс 2010 24, ТФТ Моцарт 24 (-1), Гостивар 20, Кожув 18 (-1), Охрид 19, Вардар 19, Навико Академија ФМП 19 ;

ИДНО КОЛО (10.02)

Кожув – Чаир 2030

Еуро Никел 2005 – Работнички

Гостивар – ТФТ Моцарт

Пелистер – Феникс 2010

Навико Академија ФМП –

МЗТ Скопје Аеродром – Охрид