18.01.2024

Во првото првенствено коло од календарската 2024 година, во сабота (18.часот,) следува дерби-дуелот во „Јане Сандански“

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ го предизвикуваат првакот

По пауза од скоро еден месец, овој викенд продолжуваат возбудувањата во најквалитетната лига. На распоредот се натпреварите од 14. коло, кое со себе носи пресметки кои може д аимаат „влијание“ и на изгледот на првенствената табела.

Дерби дуелот ќе се игра во салата на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, во сабота, од 18.часот, ќе се сретнат лидерот на табелата, МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, екипа која се чини, направи и најголеми промени во играчкиот ростер за време на првенствената пауза.

МЗТ Скопје Аеродром е екипата од најдобар скор (12-1) во првиот дел од првенството, и „сино-белите“ сакаат тој тренд на победување да го продолжат и во дуелот со битолските „зелено-бели“ кои од друга страна се во заостанување од три победи (ефект 9-4).

Ефект каков што имаат и уште две екипи Работнички и Чаир 2030, кои во истиот термин, од 18.часот, но во салата на СРЦ „Кале“, ќе се борат за што подобра позиција на табелата од постоечката (делба на третата во овој момент).

Во истиот термин, прволигашка кошарка ќе се игра и во Кавадарци. Во „Јасмин“, второпласираниот тим на табелата Еуро Никел 2005 (скор 10-3), го дочекува Гостивар (4-9).

Нешто порано, од 13 часот во СРЦ „Кале“ ќе се игра уште еден првенствен натпревар во кој ТФТ Моцарт (7-6) е домаќин на „соседот“ од „Кале“, екипата на Вардар (3-10).

Во недела ќе се одиграат два натпревари...

Во салата „Билјанини извори“, од 18.часот, Охрид (2-11) го пречекува гевгелиски Кожув (3-10). А два часа подоцна (20.00) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, ќе играат екипите на Феникс 2010 (7-6) и на Навико Академија ФМП (3-10).   

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 14. КОЛО

20.ЈАНУАРИ (САБОТА)

13.00: ТФТ Моцарт – Вардар

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PDSzAT6PoQg?si=fQS1xV4Wry2uApBg

18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/7FLyoMc-01U?si=He_2VCV-1z6R2jvn

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (МРТ3)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/FSWI-TiNlLk?si=yjAdZrMSmfFXKSeb

18.00: Работнички – Чаир 2030

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/jRmI4_k8AnM?si=2cM6_2i5eOxicN34

21.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Охрид – Кожув

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Zz9ykXx7s7k?si=GR8eW8nTSuLIF-TV

20.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/x6SUmBBOaEE?si=wjx5jo3qIl6TSmYy

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 25, Еуро Никел 2005 23, Работнички 22, Пелистер 22, Чаир 2030 22, Феникс 2010 20, ТФТ Моцарт 20, Гостивар 17, Кожув 16, Навико Академија ФМП 16, Вардар 16, Охрид 15;