25.10.2022

Две различни полувремиња во Кисела Вода, и на крајот победа на гостите од Битола (79:70) против Навико Академија ФМП

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ ја „имаат“ формата од Златибор

Две различни полувремиња во Кисела Вода, и на крајот победа на Пелистер против домашниот тим. Остварена со далеку поефикасна игра во второто полувреме. Во она првото, водството беше на страна на Навико Академија ФМП. 

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ПЕЛИСТЕР            70:79

Добро прво полувреме за екипата домаќин, и уште подобро второ на гостите од Биола, вечерва во салата „Независна Македонија“.

Домашниот состав, исполнет со доста нови и млади кошаркари, се чини, ја испушти шансата во првото полувреме. Пред се, да креира поголема предност од онаа која ја оствари по 20.минути од мечот (39:35).

На битолчани како да им требаше тоа прво полувреме, плус и одморот од 15.минути, да заиграат според своите очекувања, но и да ја потврдат добрата форма презентирана и на првиот „балон“ во АБА 2 конкуренцијата, минатата седмица на Златибор.

Заиграа „пелистеци“ далеку поефикасно во второто полувреме. Во третиот период направија целосен пресврт, и играчки и резултатски. Негативата од полувремето ја претворија во водство од (61:53).

„Во режија’ на веќе препознатливата „тројка“, Мустафица-Хаџифејзовиќ-Карутерс, тоа беше уште повисоко. По 33.минути веќе беше и (69:56). недостижни за домашниот состав кој успеа само негативата да ја претвори во едноцифрено заостанување. 

Мустафица заврши со дабл-дабл ефект од 25.поени и 16.скока, Хаџифејзовиќ дополни со  17, Карутерс со 13, а двоен број на поени - 12 имаше и дебитантот во редовите на Пелистер, Карпентер. 

На домашната страна, Овенс даде 18, Кортесио 14, а Настовски уште 13.поени.

Колото број 3 ќе биде затворено со вечното дерби Работнички-МЗТ Скопје Аеродром кое се игра во среда, од 17.часот во СРЦ „Кале“’.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

Навико Академија ФМП – Пелистер   70:79

Струмица 2022 – Феникс 2010 98:92

Чаир 2030 – Еуро Никел 2005  74:73

Куманово 2009 – Кожув 92:78

Гостивар – ТФТ      90:83

26. ОКТОМВРИ (СРЕДА):

17.00: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/m5Y6nArTW_o

ТАБЕЛА: Гостивар 6, Еуро Никел 2005 5, Феникс 2010 5, Пелистер 5, Чаир 2030 5, Струмица 2022 4, Кожув 4, ТФТ 4, Куманово 2009 4, Навико Академија ФМП 4, МЗТ Скопје Аеродром 3 (-1), Работнички 2 (-1);