01.12.2022

Беа подобри во четвртината на одлука против Еуро Никел 2005, за шести триумф во седум одиграни мечеви (73:64)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ победнички и во Кавадарци, за ко-лидерска позиција на табелата!

Во последниот натпревар од 7.коло, Пелистер стигна до особено важен триумф на гостувањето во Кавадарци, каде беше подобар од Еуро Никел 2005

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР    64:73

По една „своја“ четвртина имаа и двете екипи во првоо полувреме. Кавадарчани бе аподобри ов првата, ја решија во своја корист со сосема солидни (19:10).

На битолчани им припадна онаа втората, во која не само што се вратија „назад во мечот“, туку успејаа да изедначат, и по 20.минути требаше да се тргне одново, од „нула“.

На семафорот во салата „Јасмин“ стоеше нерешени - (32:32).

Откако Пелистер ја стигна негативата, по 15.минути предвидени за одмор, се играше максимално изедначено. Без резултатски „отскокнувања“ на една од двете страни како што беше случајот во првото полувреме. Затоа меродавен е резултатот, вели дека Еуро Никел 2005 даде 13, Пелистер идентични -13 поени, за нов егал скор (45:456), на истек на тој дел Пелистер дури стигна идо водство (48:46), доволно ситуацијата да биде решена во последниот период на средбата доста „сиромашна“ со вистинска кошарка, и пред се поени.

Малку поефикасно се играше на крајот од мечот во Кавадарци. А подобро играа „пелистерци“, кои во 37 минута, по тројката на расположениот Мустафица, се стекнаа со двоцифрена предност, (68:58).

И не ја испуштија до самиот крај.

Мустафица стигна до висок дабл-дабл, изразен со реализација на 15.поени и 14.скока, но најефикасен во победничката екипа, онаа од Битола, беше искусниот Димитар Караџовски кој даде 20.поени.

Блиску до двоен ефект беше и Хаџифејзовиќ, кој направи 12 скока, но имаше „само“ шест поени.

Кај Еуро Никел 2005, прво поентерско име беше Планиниќ, со 22.реализации додека Гавриловиќ заврши со 15.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

Еуро Никел 2005 – Пелистер    64:73

Навико Академија ФМП – ТФТ 66:109

Кожув – Феникс 2010     97:89

Струмица 2022 – Работнички  84:92

Куманово 2009 – Гостивар        82:70

МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030   106:61

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13, Пелистер 13, Гостивар 13, ТФТ 11, Феникс 2010 11, , Еуро Никел 2005 11, Работнички 10, Кожув 10, Куманово 2009 9, Чаир 2030 9, Струмица 2022 8, Навико Академија ФМП 8

ИДНО КОЛО

Гостивар – Чаир 2030 (03.12)

ТФТ – Феникс 2010 (03.12)

Работнички – Куманово 2009 (03.12)

Навико Академија ФМП – Струмица 2022 (04.12)

Пелистер – Кожув (05.12)

МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005 (06.12)