05.02.2023

Беа подобри и од Навико Академија ФМП (81:67), остануваат на чекор зад лидерот МЗТ Скопје Аеродром

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ продолжија со победувањето

По особено важната победа, пред некоја вечер во Скопје, против Работнички, и иако одново ослабени со неиграњето на двоецот Стајиќ-Хаџифејзовиќ, „зелено-белите“ запишаа уште еден триумф со кој остануваат на втората позиција, и се многу блиску до лидерската екипа во првенството.

ПЕЛИСТЕР – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП      81:67

Гостите од Скопје беа во водство во првите шест миути од натпреварот. По поените на новакот Бјелиќ, поведоа со (12:11). Но до крајот на тој прв дел од мечот во Битола, „пелистерци“ направија серија од (11-6), по која го преземаа водството и имаа позитива од четири поени (22:18). Сосема солидно играше Навико Академија ФМП и во продолжението од играта во кој му парираше на фаворизираниот противник.

Во средината на втората четвртина гостире се доближија до (24:27) откако поентирше Пајиќ. Но уште една мини-серија од седум поени во две минути, ги однесе битолчани и до првото двоцифрено водство (34:24).

Мустафица и Карутерс донесоа уште поголеми (38:24) за Пелистер, но првото полувреме заврши со нешто пониски, (28:38).

Во второто, без особени резултатски отскокнувања. Продолжија обидите на гостинските кошаркари да стигнат до помала негатива. Но не им одеше лесно, макар то во третата четвртина се играше доста ефикасно, но на двете страни од теренот. А заврши со нешто пониска предност за Пелистер (62:54).

Во последните десет минути „зелено-белите“ би се рекло и рутинерски го одржуваа двоцифреното водство и го претворија во нов триумф. За нив 11, во 14 одиграни кола, и сигурно второ место на табелата.

Карпентер даде 16, Карутерс 14, а Маслинко 12 поени за екипата од Битола.

Кај Навико Академија ФМП Смит-Меквејн уфрли 20, Бјелиќ 13, а Џонс уште 11.поени, но екипата од Кисела Вода ќе ја продолжи битката за опстанок во друштвото за најдобрите, останува на ефект од три победи и 11 порази.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 14. КОЛО

Пелистер – Навико Академија ФМП 81:67

Кожув – Куманово 2009 94:76

Еуро Никел 2005 – Чаир 2030  80:66

ТФТ – Гостивар      91:77

Феникс 2010 – Струмица 2022  (во тек)

6.ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

20.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (МРТ3)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5B4BxMll3ps?feature=share

ТАБЕЛА: Пелистер 25, МЗТ Скопје Аеродром 24 (-1), ТФТ Моцарт 23, Еуро Никел 2005 23, Гостивар 23, Феникс 23, Работнички 20 (-1), Кожув 20, Куманово 2009 17, Чаир 2030 17, Навико Академија ФМП 17, Струмица 15 (-1)