20.01.2024

Екипата од Битола стигна до голем триумф, го победи МЗТ Скопје и сред Аеродром (72:66)...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ уште еднаш покажаа како треба против шампионот

Иако без помошта на најавените американски засилувања, „пелистерци“ ги искористија сите слаби моменти, а ги имаше доста, во играта на актуелниот првак, и дојдоа до втората победа против МЗТ Скопје во регуларниот дел од сезоната.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР 66:72

Гостите од Битола изгледаа подобро во првото полувреме. Во тие 20.минути Пелистер се стекна и со двоцифрена предност. Во воведната четвртина имаа десет поени повеќе од шампионот (24:14).

И оако со некои одредени осцилации, битолчани знаеја да ја одржуваат таа позитива. Во еден момент, поточно во 14.минута, имаа и уште повисоки (29:16). Но иако беа далеку од идеалното, домашните кошаркари до крајот на полувремето успеаја таа негатива да ја претворат во прифатлива.

По 20.минути игра заостануваа само шест поени (33:39).  

И второто полувреме донесе скоро идентичен развој на настаните. „металците“ постојано се обидуваа, но никако не успеваа да ја свртат играта, но и резултатот, на својата страна. Во третито дел се доближија на негатива од само два поени (53:55), со кои се влеезе во оној последниот. Но гостите од Битола се одбранија, и сосема заслужено му го нанесоа вториот пораз во првенството на актуелниот бранител на шампионската титула.

Статистиката вели дека првата петорка на пелистер го „носеше“ дерби дуелот. Сите пет стартери ја надминаа бројката од најмалку десет поени. А на некогашнито играч на МЗТ Скопј,е Андреј Магдевски, му недостасуваа само две асистенции за да запише и троен ефект. Вака репрезентативнито бек застана на 20.поени, 11 скока и 8.асистеции, плус по три освоени и исто толку загубени топки. Мијовиќ го следеше со 15.реализации, додека пак по 11 имаа другитѕе стартер, Маслинко, Костоски и Мијовиќ.

Кај првакот, Расел забележа 16.поени, В. Стојановски и Крстевски завршија со по 13.реализации, а „двоцифрен“ беше и Танасковиќ, постигна 11. поени.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ГОСТИВАР           97:85

Израмнето се играше во „Јасмин“ но само во првата четвртина, онаа во која сепак, кавадарчани остварија предност, иако не висока (26:23). Но затоа пак беа уште подобри во онаа втората во која се стекнаа и со двоцифрено водство. По поентирањето на Младеновиќ, на средина на втората четвртина, за прв пат е стекнаа со десет и повеќе поени позитива (39:28). Нешто потоа имаа и уште повисоки (47:30). За полувремето да го затворат со 51 реализиран поен, гостите од Гостивар застанаа на 37.

Второто полувреме протекна во една изедначена игра во која, евидентно, задоволни од високата предност, домашните кошаркари одработија – рутинерски. Не им дозволија на гостите да ја загрозат нивната победа, број 11 во сезоната која ги остава на второто место на табелата.

Одлично стартно издание во оваа 2024 година имаше Смит-Мексвејн со 26.реализации (и шест скока), Глигоријевиќ стигна до 21, Врањеш постигна 19, 13. поени уфрли Дубински, а Соколов уште 11.

Кај гостиварци, Инграм далеку најдобар, стрелец на 29.поени, Вилијамс имаше 15, а Остен дојде до 11. реализации.

РАБОТНИЧКИ – ЧАИР 2030       84:70

Извесно, двете екипи малку добија од клупата за резервни играли. Во првиот дел од играта поентерски се издвоија Трајс и Ефремовски кај Работнички. На другата страна, во поентерска форма се покажа дека е повратникот во тимот од Чаир, Давел Роби, постигна 16, од крајните 36. поени за гостинската екипа на гостувањето во СРЦ „Кале“.

Работнички беше екипата која имаше водство, постојано, кое во еден момент од играта во втората четвртина, беше и двоцифрено (44:34).

Апсолутно изедначено се играше во третиот дел од играта во кој двете екипи имаа по 20. реализирани поени. А домашните кошаркари најдоа решение како да ја одбранат предноста од првиот дел, и на крајот стигнаа до планираната цел – победата. За нив 10. во 14. одиграни натпревари која ги остава при првот на табелата, односно позицијата број 3.

Одлично одработи скоро комплетната стартна петорка, Декоузи 18.поени, Рикиќ беше двоцифрен кај поените – 14, но и во скоковите – 14, додека Ефремовски застана на 11 (сите во првото полувреме). А помош, за прв пат по подолго време, добија од Ѓелетовиќ, кој по долга пауза се врати во ростерот на Работнички.

Во екипата од Чаир, Роби заврши со 24.реализации (плус пет скока и исто толку асистенции, Мустафица пак имаше и дабл-дабл учинок од 11.поени и 12. скока (но и пет додавања)‚ Какруки заврши со 14.поени.

Утре вечер се играат уште два натпревари. Во салата „Билјанини извори“, од 18.часот, Охрид го пречекува гевгелиски Кожув, додека пак од 20.часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе играат Феникс 2010 и Навико Академија ФМП.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 14. КОЛО

Еуро Никел 2005 – Гостивар     97:85

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 66:72

Работнички – Чаир 2030            84:70

ТФТ Моцарт – Вардар     92:82

21.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Охрид – Кожув

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Zz9ykXx7s7k?si=GR8eW8nTSuLIF-TV

20.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/x6SUmBBOaEE?si=wjx5jo3qIl6TSmYy

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26, Еуро Никел 2005 25, Работнички 24, Пелистер 24, Чаир 2030 23, ТФТ Моцарт 22, Феникс 2010 20 (-1), Гостивар 18, Вардар 17, Кожув 16 (-1), Навико Академија ФМП 16 (-1), Охрид 15 (-1);