Крајно неизвесен дуел одиграа двете водешки екипи во прволигаката конкуренција. Со неколку резултатски серии и овојувања, а по 40.минути машка игра и надигрување, победник немаше.
Мораше да се игра и екстра период од пет минути во кој подобро се снајдоа гостите. Поточно братскиот двоец - Стојановски кој испорача пет тројки во пет минути, за голема победа за шампионот, и што е поважно, враќање на првото место на табелата
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 88:99
МЗТ Скопје беше екипата која подобро го отвори мечот во „Јасмин“. Поведе првакот со (11-2), но кавадарчани брзо се соземаа по тој почетен шок. За кратко време се вратија и во играчка, но и во резултатска рамнотежа. Со своја серија од 11 последувателни поени, преминаа во водство (13:11), кое го задржаа и до крајот на првата четвртина (19:17).
Во средишниот дел од втората, Еуро Никел 2005 имаше и повисока позитива. По четвртата тројка на шутерски расположениот Дубински, беше )30:22), нешто потоа имаа и (38:30). Но МЗТ Скопје имаше одговор, со серија од девет поени успеа да го промени водството. Пред заминување во соблекувалните, на семафорот стоеше (39:38) за гостите од Скопје, во чии редови Танасковиќ имаа 11. реализации, додека пак во кавадаречкиот тим, се издвои токму Дубински, кој дојде до 16. Поени.
Третиот период беше некако и најизедначен, макар што во 27.минута „металците“ беа тие кои имаа „некое“ водство, од четири поени. По трите поени на В.Стојановски, гостите имаа највисоки, барем дотогаш, (57:50).
На слично резултатско „растојание“ беа „сино-белите“ и по три одиграни четвртини (63:57).
Во последниот период, шутерски се отвори Робев, што беше голем плус во играта на МЗТ Скопје. Екипа која имаше контрола над резултатот. Би се рекло до онаа последна минута. Или 60 секунди во кои дополнителна драматика донесе Врањеш, со една освоена топка, и три реализирани слободни фрлања со кои го донесе Еуро Никел 2005 на „половина поен“ негатива (77:78). Следуваше прекршок над Ворку, беше половичен од линијата за слободни фрлања, (79:77) за МЗТ Скопје. Но и десет секунди за последен обид на каадарчани да се изборат за продолжение. Нова шанса за егал резултат доби најдобриот играч на екипата од Кавадарци. На пет секунди до крајот, Дубински застана на линијата за слободни фрлања. Американецот беше максимално „мирен“, погоди за посакуваните (79:79).
И екстра период од пет минути...
А во него, на сцена стапи братскиот тандем на тимот од Аеродром. Војдан Стојановски погоди две, Дамјан Стојановски уште една тројка, за недостижен плус од седум поени (88:81), макар што се играше само втората минута од продолжението. Дилемите ги снема со втората тројка на капитенот, на Д. Стојановски, за (91:74).
Танасковиќ беше првото поентерско име кај првакот. Даде 23.поени, додаде и девет скока, В. Стојановски го следеше со 20 (4/4 во шутот за три поени), Ворку имаше 17, а капитенот Д. Стојановски уште 11. реализации (и седум скока).
Дубински го затвори супер дербито со 26.поени (5/11 за три), Смит Мексвејн беше „двоен“, кај поените – 15, кај скоковите – 11. Уште 12. поени кај Еуро Никел 2005 имаше и Глигоријевиќ (и девет скока), а Врањеш заврши со еден поен помалку.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО
Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром 88:99
Охрид – Пелистер 77:85
ТФТ Моцарт – Кожув 81:70
Феникс 2010 – Гостивар 105:90
Чаир 2030 – Навико Академија ФМП 103:73
Работнички – Вардар 101:58
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 29, Работнички 28, Еуро Никел 2005 28, Пелистер 27, Чаир 2030 27, Феникс 2010 26, ТФТ Моцарт 26, Гостивар 21, Кожув 19, Охрид 19, Навико Академија ФМП 19, Вардар 19;
ИДНО КОЛО (10.02)
Кожув – Чаир 2030
Еуро Никел 2005 – Работнички
Гостивар – ТФТ Моцарт
Пелистер – Феникс 2010
Навико Академија ФМП –
МЗТ Скопје Аеродром – Охрид