04.11.2023

Гостивар не беше доволно квалитетен за да победи во СРЦ „Кале“, конечни (79:70) за „црно-белите“.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Петта победа по ред за ТФТ

ТФТ ја забележа петтата победа во низа откако во вториот натпревар од 6. коло славеше, на домашен терен, против Гостивар, нанесувајќи им го четврттиот пораз на „сино-белите“ во сезоната.

ТФТ МОЦАРТ – ГОСТИВАР         79:70

Релативно скромно, според бројот на постигнати поени го почнаа двете екипи натпреварот во СРЦ „Кале“ На истекот на десет минути реализираа вкупно 28.поени, два повеќе 15, имаа гостите од Гостивар.

Но во продолжението на играта, ТФТ го најде оној поентерски ритам, и до крајот на првото полувреме успеа да обезбеди сосема солидна предност од (40:33)

А ниту по одморот „црно-белите“ немаа намера да застанат. И во оној трет дел од играта се стекнаа со наизглед недостижно водство од дури 17.поени

А се чини дека високата предност како да донесе опуштеност во редовите на домашниот тим. Гостиварци од минута во минута ја топеа предноста и стигнаа до едноцифрена негатива (71:66), но немаа сили за целосен пресврт.

Со 22 поени (и шест скока), Верц го предводеше ТФТ, додека пак на другата страна, онаа гостиварската каде имаше четири „двоцифрени“ играчи, со 17 поени и седум скока најкорисен играч беше Инграм.

По овој успех, ТФТ Моцарт е на биланс од пет победи и еден пораз изедначен на врвот на табелата со МЗТ Скопје Аеродром, додека Гостивар се наоѓа во вториот дел на табелата, има скор (2-4).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6.КОЛО

ТФТ Моцарт – Гостивар79:70

Охрид – МЗТ Скопје Аеродром          73:98

4.НОЕМВРИ

19.00: Чаир 2030 – Кожув

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/O7FWP7fviLE?si=FLrLGfDwHq-mEYsw

5.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Вардар – Навико Академија ФМП

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1LNboF1jjTQ?si=nexMKqiVYAYf3gxT

19.00: Работнички – Еуро Никел 2005 (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/otQq4BPP03k?si=q6Zjxou4HsMOX2NB

20.00: Феникс 2010 – Пелистер

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4qA4ieHsuq8?si=NfuItU8qBum4x596

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11, ТФТ Моцарт 11, Чаир 2030 9, Еуро Никел 2005 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 2010 8, Гостивар 8, Вардар 7, Охрид 7, Кожув 6, Навико Академија ФМП 5;