10.05.2025

Иако славеше победа на гостувањето во Кавадарци, Шкупи му се придружи на Вардар како второлигаш во новата сезона

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-АУТ: Гостивар стигна до опстанокот

Последното 6. коло од Плеј-аут лигата ја симна и последната дилема околу тоа која екипа освен Тиквеш Голден Игл ќе биде дел од Првата лига, односно која покрај Вардар, ќе се пресели во Втората лига.

Тоа е екипата на Шкупи, додека вистински „добитник“ е екипата на Гостивар, која во доста неизвесен натпревар, стигна до планираната цел, макар и потешко од очекувано, славеше победа (73:71), против отпишаниот, но мотивиран состав на Вардар.

По 28.одиграни натпревари, односно 22. во првата фаза, и уште шест во Плеј-аут лигата, гостиварци дојдоа до ефект од 11.победи и 17.порази. Исто каков што има и екипата на Шкупи, која во овој последен круг го победи Тиквеш Голден Игл на гостински терен (92:79).

Двете екипи имаат по 39.бодови, но „пресуди“ подобриот скор кој Гостивар го има во меѓусебните дуели со Шкупи, доволен за опстанок во друштвото на најдобрите.