18.05.2022

Гевгеличани стигнаа до висока победа (108:76)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА 8.КОЛО: Кожув без попуст за младите „металци“

Фаворитот, екипата од Гевгелија не дозволи изненадување на гостувањето кај аутсајдерот

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – КОЖУВ     76:108

Сигурен триумф на кошаркарите од Гевгелија во дуелот против младиот состав од Аеродром. Иако без помошта на својот најдобар стрелец во Плеј-аут сегментот, Тач Унрух, „црвено-белите“ потврдија дека и со она што го имаат моментално на располагање се доволно квалитетни да се одбранат од нападите на младата екипа која ја предводи Бојан Христовски.

Освен првата четвртина во која младите „металци“ имаа предност од (27:21), се друго беше на страна на составот од Гевгелија. Кој со 36. реализирани, и само 16. примени поени во третиот период, стигнаа до недостижно водство од  (85:58).

Оконкво реализира дабл-дабл ефект од 28.поени и 13. скока, Главчев реализира 23, а Дуев уште 21. поен за гостите од Гевгелија, додека на спротивната страна, Андоноски постигна 22, Петровски 17, а Митевски уште 13.поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув           76:108

16.00: Навико Академија ФМП – Куманово 2009

19.30: Работнички – Ангели

ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 16-13, Работнички 13-16, Кожув 13-17, Куманово 2009 10-19, Ангели 7-22, МТ Скопје Уни Банка 4-26;