Екипата на Куманово 2009 славеше убедлива победа на гостувањето во Кисела Вода, каде беше далеку подобра од екипата на Навико Академија ФМП. Доволно за недостижни три победи во однос на екипата на Ангели во пресрет на последните две кола од Плеј-аут лигата.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – КУМАНОВО 2009 75:109
Кога требаше, кумановци ја одиграа својата најдобра офанзивна игра во Плеј-аут конкуренцијата. Против Навико Академија ФМП во Скопје, постигнаа дури 109 поени, доволни за сигурен триумф и дефинитивна потврда на прволигашкиот статус.
По убедливите (109:75) сега и теоретски Куманово 2009 и во следната сезона ќе биде дел од Првата лига, додека екипата на Ангели (вечерва има гостување кај Работнички) се сели во понискиот, второлигашки ранг на натпреварување, заедо со екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.
По 30.одиграни мечеви кумановци имаат скор (11-19), недостижни за Ангели кои со натпревар помалку се на ефект (7-22).
Фуриозна прва четвртина имаа гостите во која реализираа дури 38. поени, кои и го одредија понатамошниот тек на средбата во „Независна Македонија“. Примија 25, но истото го повторија и во последните десет минути кои ги добија парцијално гледано со (31-13).
Ненад Зивчевиќ до 33, и Душан Јузбашиќ со 30.поени го предводеа Куманово кон потврда на опстанокот. На другата страна, уште едно одлично индивидуално издание на Леонид Тодоровски заокружено со 27.поени и 5. скока.
РАБОТНИЧКИ - АНГЕЛИ 62:76
Ангели и по трет пат оваа сезона го победија Работнички, сега со 76-62. Деолски и Хендерсон го предводеа тимот од Драчево со по 18 поени, исто колку што имаше Горјан Марковски кај Работнички.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО
МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув 76:108
Навико Академија ФМП – Куманово 2009 75:109
Работнички – Ангели 62:76
ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 16-14, Работнички 13-17, Кожув 13-17, Куманово 2009 11-19, Ангели 8-22, МЗТ Скопје Уни Банка 4-26;