Ниту Работнички (по втор пат) во оваа сезона не најде лек за одличните претстави на гостиварските „сино-бели“ пред своите симпатизери во салата „Младост“.
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 76:69 (1-0)
Релативно израмнет натпревар се играше во салата „Младост“ во првото полувреме, во кое на крајот, Гостивар замина со предност, макар и од само четири поени (41:37).
Ја креираа одличните Ефремовски и Корсантија кои имаа по 13. реализации, следен од Вучковиќ (осум) и Жигон (шест).
На другата страна, се одвоија Ѓелетовиќ и Умпиг, кои дадоа по десет поени.
Во резултатски егал беа двете екипи и во првиот дел од третата четвртина, што не услови промена на бројките на семафорот (52:48).
Корсантиа немаше намера да запре со поентирањето. Високиот Гризиец ( со својата 23. реализација) го донесе својот тим до првото двоцифрено водство (58:48), кога се играше 29. минута. Имаа и уште еден поен повеќе во позитивата (59:48), но таа трета четвртина заврши со плус 10 за Гостивар (61:51).
А тројката на Жигон, со која беше отворена последната четвртина, го донесе тимот на тренерот Љупчо Малинков до највисокото водство (64:51). Даде уште една истиот играч, за уште повисоки (67:53) за Гостивар.
Дури во 35.минута Работнички успеа да ја симне негативата на едноцифрена (59:67), и да најави дека сепак не се откажува од комплетен пресврт. Кога поентираше Нотиџ, а потоа и Малешевиќ, на помалку од две минути до крајот, гостите беа на уште пониски, и достижни (64:69).
Но уште еднаш не најдоа решение за офанзивниот дел од играта на Корсантиа. Неговата „два плус еден игра“ го донесе Гостивар нешто подалеку (72:64) и само 1:40 минути за конечно решение околу победникот.
Не најдоа такво кошаркарите кои од клупата ги предводи Димитар Мираковски.
Гостивар не го дава она што го има како голема предност – играњето пред својата публика. Води со (1-0) во оваа серија, во голема мерка поради одличниот настап на Гиорги Корсантиа кој на крајот застана на дабл-дабл ефект од 26.поени и 14.скока, на ко идодад еи по две асистенции, освоени односно загубени топки.
Но свој удел во првиот успех во серијалот имаа и Ефремовски и Вучковиќ кои финишираа со 17.реализации, додека Жигон, кој отвори одлично во последниот дел, дојде до 13.поени и седум скока.
Некогашниот „гостиварец“, Ѓелетовиќ запре на 23.поени, имаше и пет скока и три додавања, но вистинска, дури може и да се каже делумна поддршка од соиграчите, доби само од Малешевиќ и Умпиг, кои на крајот имаа по десет дадени поени.
ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ПРВИ НАТПРЕВАРИ
ТФТ Моzzart – Еуро Никел 2005 62:70 (0-1)
Гостивар – Работнички 76:69 (1-0)
30. АПРИЛ (НЕДЕЛА)
18.30: Пелистер – Феникс 2010
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/V3Qo9aTljD0?feature=share
19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/bf_5d-yHsxw?feature=share