04.05.2023

Сите дилеми околу победникот на дуелот во СРЦ „Кале“, беа тргнати уште на полувремето, на крајот, повеќе од убедливи (80:53)

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Каков „одговор“ на Работнички, за трет натпревар, по втор пат во Гостивар!

Кој ќе игра во полуфиналето, Работнички или Гостивар, одговор на тоа прашање ќе го даде третиот натпревар од четвртфиналата серија помеѓу двата лути ривали.

Најтрофејниот клуб во нашата земја даде еден брутален „одговор“, дека е подготвен да оди поннатаму, откако пред своите навивачи во СРЦ „Кале“, дојде до импресивна победа по која резултатот во четвртфиналето сега е израмнет (1:1).  

РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 80:53 (1-1)

Многу појасни беа работите околу тоа кој ќе го добие вториот меч од серијата беа најавени уште по одигрувањето на првата четвртина. Десет минути како најава за апсолутна доминација на „црвено-белите“, изразена со двоцифрена предност (21:11). Она што се слушуваше во првиотр, беше пресликано и во вториот квотер од натпреварот, во кои Работнички оствари двојно повисоко водство, резултатски изразено со (43:21).

И иако пред двете екипи беа оние втори 20. минути, беше јасно дека гостите од Гостивар како веќе да размислуваат а третиот меч на кој повторно ќе идат во улога на домаќини.

Макар што на почетокот на последата четвртина и серијата од (10-1), се доближија на прифатлива негатива (47:64), се покажа дека тоа повеќе беше мало опуштање во играта на домашата екипа отколку некој посериозен план на „сино-белите“ за комплетно враќање во натпреварот.

Доста брзо, со контра-серија од (12-2),Работнички се врати на онаа „стандардна“ позитива, (76:49) и ја потврди првата победа по која за неколку дена ќе се обиде да биде првата екипа која оваа сезона победила во „Младост“ и да избори место во полуфиналето.

До овој триумф кој има ја дава таа шанса, Работнички дојде со еден колективен пристап во кој дури петмина кошаркари завршија со десет и повеќе реализации. Џелетовиќ реализираше 18.поени, Шошкиќ имаше 14, Малешевиќ 12, Умпиг 11, а Марковски 10.поени. Додека на другата, гостиварска страна, вредни за истакнување, барем кога е во прашање поентирањето, се Митевски со 15, и Вучковиќ кој постигна 11.поени.

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

Работнички – Гостивар 80:53 (1-1)

Феникс 2010 – Пелистер 83:81 (1-1)

Кожув - МЗТ Скопје Аеродром 81:95 (0-2)

Еуро Никел 2005 - ТФТ Моzzart 72:76 (1-1)