Гостите од Кавадарци ја искористија максимално неефикасната игра на „црно-бечите“ и с естркнаа со големи (1-0) во серијата која за некој ден се сели во нивниот „Јасмин“
ТФТ Моzzart – ЕУРО НИКЕЛ 2005 62:70 (0-1)
Апсолутно израмнет натпревар во првото полувреме од првиот меч од четвртфиналето во „Кале“. Двете екипи покажаа дека оваа серија ќе ја одлучат нијанси.
Егал-резултат беше на истекот на првата четвртина (23:23), исто така беше на семафорот и во втората (17:17) или заедно гледано (40:40).
ТФТ се потпираше во шутот од далечина, погодија домашните кошаркари дури осум тројки (од 15. обиди), што во одреден момент и ги донесе во водство. Ташовски даде три, Симоновски и Андерсон по две...
Кавадарчани шутираа доста помалку од таа позиција, но беа доста прецизни (50% на реализација). А поентерски се издвоија Гавриловиќ 11, а Балмазовиќ 10. поени кај Еуро Никел 2005 по тие 20.минути.
Доста неефикасно се играше во продолжението од играта, илустративно за скоро седум минути двете екипи реализираа вкупно 11.поени (46:45). Сепак, серијата од седум дадени поени го донесе „бело-црниот“ тим (кој во меѓувреме поради повреда на скочниот зглоб, остана без Американецот Батрик) во нова предност (48:45). И го натера Горан Самарџиев, тренерот на Еуро Никел 2005 на тајм-аут.
„Постот“ од скоро шест минути, за кавадарчани, со тројка, го прекина најискусниот Дарко Соколов, за нов нерешен скор (48:48). А тој најлош дел од играта заврши со минимална предност на гостите од Кавадарци (53:52).
Кавадарчани имаа и уште повисоки (61:54) во воведните минути на четврттиот период. Ја користеа во целост неефикасноста на домашната екипа која во 14 минути игра во второто полувреме, даде исто толку поени.
Искусниот Симоновски, со својот десетти поен, го прекина тој „празен од“ на ТФТ. Но само за момент, затоа што по забивањето на Планиниќ, Еуро Никел 2005 дојде и до уште повисоки (65:56) на 4:31 минути до крајот. Иако беше далеку екипата од Тафталиџе не успеа да „излезе“ од тој лош поентерски ритам, за нив не така чест, па се сооија со голема загуба уште на стартот од плеј-офот.
Еуро Никел 2005 носи во Кавадарци голема победа, и со уште една пред своите симпатизери, ќе озбезбеди место во полуфиналето.
На ова гостување, кон победата ги носеше „трилингот“ Планиниќ (19.поени)-Гавриловиќ (16)- Балмазовиќ (14).
На другата страна Симоновски и Андерсон завршија со 13. реализации, Ташовски кмаше 11, а Костоски еден поен помалку.
ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ПРВИ НАТПРЕВАРИ
ТФТ Моzzart – Еуро Никел 2005 62:70 (0-1)
Гостивар – Работнички 76:69 (1-0)
30. АПРИЛ (НЕДЕЛА)
18.30: Пелистер – Феникс 2010
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/V3Qo9aTljD0?feature=share
19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/bf_5d-yHsxw?feature=share