06.05.2023

По неефикасното прво полувреме, „црно-белите“ имаа одлични 20. минути во второто во кои го совладаа Еуро Никел (73:59)

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Костовски и Ташовски го однесоа ТФТ во полуфиналето

ТФТ е вториот полуфиналист во плеј-офот откако ја доби третата средба од четвртфинална серија против екипата на Еуро Никел 2005.

ТФТ МОZZART - ЕУРО НИКЕЛ 2005     73:59 (2-1)

Слаб старт, будење во втората, и „експлозија“ во последната четвртина го донесе ТФТ во првите четири од плеј-офот во македонската Прва лига.

Екипата од Тафталиџе имаше очаен старт во „мајсторката“ против Еуро Никел 2005. Во првите десет минути домашните кошаркари реализираа само осум поени. За нивна среќа, само малку подобри беа гостите од Кавадарци кои реализираа 14, и се стекнаа со солидна предност. Но иако играа слабо, кошаркарите во „црно-бела“ комбинација на опремата не дозволија противникот да направи и некоја поголема предност. Уште може да бидат и задоволни со резултатот на полувремето кој покажа водство на Еуро Никел 2005 од (29:26).

Третиот дел од играта донесе доста поефикасна игра, и на двете страни од теренот, во која ТФТ предводен од бековскиот двоец Костоски-Ташовски, успеа да дојде до посакуваниот пресврт. Најмногу резултатски, затоа што по три одиграни четвртини домаќините водеа, макар и со минимални (51:49).

Но затоа па одиграа најдобро кога беше најпотребно, во оние последни десет минути во кои и го скршија отпорот на кавадарчани, кои евидентно, немаа сили, немаа доволно енергија за уште еднаш да изненадат во оваа серија, како што тоа беше случајот на првиот од трите одиграни мечеви.

На овој, Костоски одличен, стрелец на 26. поени (10/19 во шутот од поле), следен од Ташовски, кој дополни со уште 16. реализации. Доволни да се „покрие“ одличното издание на Планиниќ кој во последниот меч во дресот на Еуро Никел 2005, кој заврши со одлични 31.поен и 15. скока. Но вториот поентер во гостинската екипа беше Гавриловиќ кој даде 12.поени, дополни со осум скока. Но не и некој трет за да размислуваат за полуфинале.  

Таму се кошаркарите на ТФТ кои ќе ја чекаат разврската од третиот меч од серијата во која се среќаваат екипите на Пелистер и Феникс 2010. Подобриот во таа „мајсторка“ ќе биде ривалот на ТФТ за пласман во финалето.

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ТРЕТИ НАТПРЕВАРИ

ТФТ Моzzart - Еуро Никел 2005          73:59 (2-1)

7.МАЈ (НЕДЕЛА): 

18.00: Гостивар – Работнички (1-1)

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/r2-SqVyDzTY?feature=share

20.30: Пелистер - Феникс 2010 (1-1)

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MCxxptBIluU?feature=share