Кога беше и најпотребно, кога едноставно „нема назад“, кошаркарите на Работнички реагираа на најдобриот можен начин... Станаа прва екипа на која и пошло од рака во оваа сезона да го освои гостиварски „Младост“. Во третиот и решавачки меч од четвртфиналето на плеј-офот.
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 63:77 (1-2)
Одлична прва четвртина, или подобро кажано, најдорбата во сезоната, имаа кошаркарите на Работнички на гостувањето во гостиварски „Младост“. Делуваа самоуверено момцит екои од клупата ги води Димитар Мираковски, Изразија подготвеност конечно да го „скршат“ Гостивар, да го победат кога е најпотребно тоа. Беа далеку подобар ривал во натпреварот означен како „да се биде или не“. За десет миути од играта, креираа „црвено-белите“ убедлива предност (25:13).
Но до средината на втората четвртина домашната екипа „симна“ половина од таа негатива, намали на (25:31). Но гостите од Скопје, притиснаа уште еднаш. Неколку добри и ефикасни минути им беа доволни да изградат и највисоко водство, сега од 15.поени (42:27). Но во последните две, по втор пат им дозволија на домаќините да „истопат“ добар дел од истото. И на одмор да заминат со „прифатливи“ (34:42).
Малашевиќ со 12, и Шошкиќ со 10. реализации ја предводеа играта во нападот на гостинскиот тим, на другата страна, „одговараше“ Жигон, кој собра 12.поени во тие први 20.минути од „мајсторката“.
Серијата од (7-0), реализирана во нецели три минути, а иницирана од Ефремовски и Корсантиа, означи ново враќање на Гостивар во овој натпревар во кој нема место за „поправен“.
Џелетовиќ и Малешевиќ го одбија тој напад, но за кратко, затоа што Гостивар, по тројката на Корсантиа (негов 16.поен), дојде и до нерешен резултат (48:48), кога се играше 27.минута. А до истекот на тој трет дел од играта, скопјани сепак ја имаа предноста, иако минимална (53:51).
Стигнаа кошаркарите на Гостивар уште еднаш до нерешен резултат (53:53), но уште еднаш Работнички најде решение. По тројката која ја реализираше Умпиг, се одвои на сосема солидни, со оглед на развојот на настаните на теренот, (61:54).
Не застанаа тука, затоа што по новата тројка на Умпиг, имаа и двоцифрен плус (66:56), а гостивар само 4:16 минути за да го анулира. Немаа сили за такво нешто кошаркарите на тренерот Љупчо Малинков, па по втор пат по ред мораше да му признаат на противникот дека е подобар. Пред се затоа што Работнички имаше една петорка на „двоцифрени“ играчи. Умпиг застана на 17. поени, Малешевиќ реализираше 16, Нотиџ 14, Шошкиќ 12, а Џелетовиќ уште 11.поени. А во последниот меч за Гостивар во оваа првенствена сезона, Корсантиа даде 18.поени, со еден помалку заврши Жигон, додека Ефремовски стрелаше за 12.поени.
Ден порано, кошаркарите на ТФТ Mozzart обезбедија место во полуфиналето откако во третиот, и решавачки натпревар, беа подобри од Еуро Никел 2005 со резултат (73:59).
ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ - ТРЕТИ НАТПРЕВАРИ
Гостивар – Работнички 63:77 (1-2)
ТФТ Моzzart - Еуро Никел 2005 73:59 (2-1)
20.30: Пелистер - Феникс 2010 (1-1)
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MCxxptBIluU?feature=share