Долго ќе жалат кошаркарите, стручниот тим, секако и симпатизерите на Кожув за шансата која не ја искористија на првиот натпревар од четвртфиналето во плеј-офот против МЗТ Скопје во Аеродром.
Имаа одлично прво полувреме, водство од десет поени, со нервозен противник на другата страна на теренот. Но и тоа, на крајот беше недоволно за да го победат шампионот во СЦ „Јане Сандански“.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КОЖУВ 83:69 (1-0)
На жесток отпор наиде актуелниот македонски шампион во првиот меч од четвртфиналето од плеј-офот против екипата на Кожув.
Гевгеличани најавија дека се подготвени да се борат против фаворизираниот противник. А тоа апсолутно и го испочитуваа во воведниот дел од средбата во СЦ „Јане Сандански“. Дури и првата четвртина ја решија во своја корист, макар со минимални )25:23). Пред се со една доста тимска, и пред се, организирана игра во нападот во кој свое учество имаа сите пет стартери во тимот на Александар Јончевски.
На другата страна пак, Војдан Стојановски беше играчот кој најчесто беше во улога на реализатор, и уште во раната фаза ја надмина двоцифрената бариера на дадени поени.
Во втората четвртина се играше далеку понеефикасно. Тешко се стигнуваше до поените, на двете страни на теренот. Па по 15.минути, Кожув сеуште водеше, и тоа со нешто повисоки (32:28). Гевгеличани продолжија со добрата игра и во втората четвртина. На средината од тој дел од играта, по поените на најдобриот стрелец во Првата лига, Мајрон Гордон, Кожув беше во плус од дури девет поени (39:30).
За голема нервоза во домашната екипа која кулминираше со исклучување за тренерот Драган Николиќ и Абдул Абу, некоја минута подоцна.
Но Војдан Стојановски немаше намера да застане...
По неговиот 15. поен, со помош, прво од неговиот брат Дамјан, а потоа и на Кефи (двајцата по 11. поени), го вратија бранителот на титулата. Во нецели три минути „металците“ дојдоа до -2 (39:41).
Но кратки беа минутите на слабост на гостинската екипа во првото полувреме од овој меч. Тројките, прво на Главчев, а потоа и на Гордон, до истекот на полувремето го однесоа Кожув на големи (49:39).
А потоа гевгеличани застанааа, и во буквална смисла на зборот. Поентираа само еднаш во пет минути по одморот. Во „меѓувреме“ противникот, МЗТ Скопје даде девет, беше на достижни (48:51). Но „сино-белите“ не застанаа, за разлика од предизвикувачот. Војдан Стојановски, а кој друг, донесе егал-резултат (51:51), а еден од помладите во тимот, Андоноски, и водство за МЗТ Скопје, по една долга, долга пауза (54:51), кое со тројка го „пролонгира“ Кефи, за уште поголеми (57:51).
Четвртината за „камбек“, МЗТ Скопје ја затвори со (24-6, парцијлно гледано) и со високи (63:55) откако уште еднаш, овојпат од линијата за слободни фрлања, погоди Војдан Стојановски (23.поен).
Не се опоравија до таа слаба трета четвртина гостинските кошаркари. Кога му ја дадоа шансата за шампионот, овој не ја испушти од раце, и некако стигна до почетно водство во четвртфиналето.
ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ - ПРВИ НАТПРЕВАРИ
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 83:69 (1-0)
Пелистер – Феникс 2010 90:86 (1-0)
ТФТ Моzzart – Еуро Никел 2005 62:70 (0-1)
Гостивар – Работнички 76:69 (1-0)