Бранителот на шампионската титула, екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во полуфиналето на плеј-офот, откако вечерва, и на вториот меч од четвртфиналето, беше подобар од гевгелиски Кожув. Сега, со нов шеф на стручниот штаб, Васко Атанасов, кој го наследи суспендираниот Драган Николиќ, „металците“ беа сигурни и на гостински терен, доволно за „влез“ во првата плеј-оф „четворка“.
КОЖУВ - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 81:95 (0-2)
За разлика од првиот дуел, првото полувреме од вториоѕ меч,овој во Гевгелија, протекна во израмнета игра. Или дваесет минути во кои ниту една од двете екипи не успеа да направи некоја посериозна предност.
Така беше и на семафорот во салата „26.април“. На истекот на првото полувреме Кожув имаше 45, а МЗТ Скопје Аеродром 47.поени.
Во продолжението на играта, гевгеличани, иако ослабени со неиграњето на суспендираниот Братож, кој е дел од стандардната прва петорка на „црвено-белите“, имаа скоро постојано водство. Исто така не големо, односно поголемо од четири поени, о неколку наврати, (55:51) и (57:53).
Но по поентирањето на Крстевски, „металците“ го вратија на својата страна (62:61), кога се играше 27.минута.
Годон, Главчев и Ризви ја диктираа играта на Кошув, реализираа најголме дел од поените во тие три периоди од играта. На спротивната страна, одново во елемент беше Војдан Стојановски, а овојпат сериозна поддршка доби од Крстевски, кој во три четвртини комплетираше 21. реализација.
На истекот на 30.минути од второто четвртфинале, Кожув и МЗТ Скопје Аеродом беа во егал, имаа по 65.поени!
Решавачкиот дел, во кој одново беа вклучени В. Стојановски и Крстевски шампионот го отвори со серија од (6-0) доволно да се одвои на (71:65).
Домаќинот имаше сили да се брани уште некоја минута, односно до резултат (72:75), кога останаа да се играат уште 4:21 минути.
Далеку поквалитетниот ривал го зададе и последниот удар, од кој гевгеличани не се одбранија. Направија серија од (13-0) во која Д. Стојановски „врза“ две тројки, и „аеродромци“ поведоа со недостижни (88:72). И доволни за пласман во полуфиналето со „брзи“ (2-0) во четвртфиналната серија.
ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
Кожув - МЗТ Скопје Аеродром 81:95 (0-2)
Еуро Никел 2005 - ТФТ Моzzart 72:76 (1-1)
Феникс 2010 – Пелистер во тек (0-1)
4. МАЈ (ЧЕТВРТОК):
17.00: Работнички – Гостивар (0-1) (МРТ3)
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3FqVwqA0ueQ?feature=share