03.05.2023

Нема да им биде лесно на вечерашното гостување (18.00) во кавадаречки „Јасмин“ на скопските „црно-бели“

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ: ТФТ бара начин да го врати „брејкот“

Денеска и утре ќе се одиграат и вторите натпреварите од четвртфиналната серија на плеј-офот. Со себе носат уште четири неизвесности, а се чини дека сепак, за нијанса поголема треба да биде онаа што ја носи мечот во кавадаречки „Јасмин“. Екипата на Еуро Никел 2005 го дочекува ТФТ Mozzart во обид пред својата публика да го искористи моментот односно предноста која им ја донесе победата на гостувањето во СРЦ „Кале“.

Впрочем, екипата од Кавадарци е единствената која направи „брејк“ на првите натпревари  од доигрувањето, па извесно е дека онаа од Тафталиџе ќе има доста работа во обид да ја врати оваа серија во Скопје.

Во Скопје ќе се играат уште два натпревари. Вечерва, од 20.часот, во СЦ „Јане Сандански“ екипата на Феникс 2010 по добрата игра во Битола, ќе се обиде да направи изненадување против фаворитот, екипата на Пелистер. Ќе бидат сериозно хендикепирани во тие обиди ако се знае дека до триумфот ќе мора да стигнат без помошта на својот најдобар играч – Бојан Трајковски.

Во четврток, од 17.часот во СРЦ „Кале“ Работнички е пред императив на успех во дуелот со екипата на Гостивар.

Гостиварци го реализираа планираното, ја задржаа предноста која им ја дава играњето на домашне терен, реализираа релативно лесна победа против најтрофејниот клуб на нашите простори, кој, многу веројатно на оваа средба ќе биде ослабен со неиграњето на Филип Бакоч, кој се пожали на повреда токму на дуелот одигран пред некоку дена во „Младост“.

Кулминација на вечерашните дуели ќе биде на оној кој се игра во Гевгелија, МЗТ Скопје гостува на југот од државата со намера да го освои и вториот поен во серијата, и да го поправи впечатокот кој го оставија, особено во првото полувреме.

На овој натпревар „сино-белите“ ќе ги предводи Васко Атанасов, кој ќе биде наследникот на Драган Николиќ со кого клубот од Аеродром ја прекина соработката.

Од друга страна, Кожув ќе биде сериозно ослабен со неиграњето на Домен Братож, кој е суспендиран, и нема да биде во ростерот за овој исклучително важен меч за гевгеличани.

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ДВОЈКИ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

3. МАЈ (СРЕДА):

18.00: Еуро Никел 2005 - ТФТ Моzzart (1-0)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/uH-0WQp56fc?feature=share

19.00: Кожув - МЗТ Скопје Аеродром (1-0)

Сала 26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/dqoUwXXYOK4?feature=share

20.00: Феникс 2010 – Пелистер (0-1)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2ibi8ujmc6Q?feature=share

4. МАЈ (ЧЕТВРТОК):

17.00: Работнички – Гостивар (0-1) (МРТ3)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3FqVwqA0ueQ?feature=share