03.05.2023

Еуро Никел 2005 не успеа да победи во „Јасмин“, иако имаше шанса да го однесе мечот во продолжение (72:76)

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ: ТФТ го врати ударот, обезбеди „мајсторка“ во Скопје

Максимално неизвесен меч се играше во кавадаречки „Јасмин“. По голема борба на крајот пресуди последната минута во која подобро се снајдоа гостинските кошаркари, па ТФТ Mozzart и Еуро Никел 2005 за место во полуфиналето ќе играат и трет натпревар во оваа четвртфинална серија

ЕУРО НИКЕЛ 2005 - ТФТ МOZZART 72:76 (1-1)

Домашните кошаркари за нијанса беа подобри во првиот период, кој го релизираа во своја корист со (24:22). Втората четвртина им припадна на гостите од Скопје, кои до крајот на првото полувреме се стекнаа со солидни (49:42).

Но она што го загубија во втората, кавадарчани го надополнија во третата, во која се вратија во резултатска “нормала“. Односно во периодот на одлука влегоа со минимални (63:62).

Од тој момент се играше „кош за кош“, со постојана, минимална предност на едната или другата страна. По поентирањето на Младеновиќ на средината од последната четвртина, Еуро Никел 2005 имаше плус 3, (72:69).

А искуснито бек стана третиот „двоцифрен“ играч во домашната екипа покрај Планиниќ, кој до тој момент уфрли 19, и Балмазовиќ кој имаше два поени помалку на своето конто.

Во гостинскиот тим парираа Мебраер (имаше 17), Зафиров (11) и Костоски (10), чии поени максимално го драматизираа финишот на средбата во „Јасмин“.  

Иако не поентираше, Хотон заврпи голема работа во одбраната, додели две блокади, по кои Мебраер донесе водство за ТФТ од (74:72) во последната минута.  Додели уште една, го бликираше и Стојановски, но Соколов се избори за уште едне напад, а Младеновиќ доби шанса да му донесе ново израмнување на својот тим. Но не го погоди првото слободно фрлање, со оглед на негативата од два поени, не го погоди ниту второто. Згора на тоа, во тој свој обид направи „престап“ од линијата за слободни фрлања.

Некоја секунда подоцна, од истото место, но на спотивната страна ја потврди Костоски, беше „мирен“ ги реализира двата „пенали“ вредни „брејк“

Победата отиде во Скопје каде викендов ќе се играт третиот и решавачки натпревар од оваа серија.

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

Еуро Никел 2005 - ТФТ Моzzart 72:76 (1-1)

Кожув - МЗТ Скопје Аеродром во тек (1-0)

Феникс 2010 – Пелистер во тек (0-1)

4. МАЈ (ЧЕТВРТОК):

17.00: Работнички – Гостивар (0-1) (МРТ3)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3FqVwqA0ueQ?feature=share