05.05.2023

Овој викенд се играат третите мечеви од четвртфиналните серии... „Мирен“ е само МЗТ Скопје...

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Веќе нема место за „поправен“

МЗТ Скопје, екипата која го брани шампионскиот трофеј е првата, и единствена која во само два натпревари се стекна со статусот на полуфиналист во плеј-офот.

За останатите три места, следуваат и три решавачки натпревари...

Првиот од нив, во сабота од 17. часот, ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“, каде се среќаваат екипите на ТФТ  Mozzart и на Еуро Никел 2005.

Веројатно и најинтересниот и најнеизвесен во четвртфиналето, особено ако се знае дека двете екипи си разменија по една победа, но на гостински терен. Првипот брејк го направија кавадарчани, кои славеа во Скопје (70:62), а некој ден подоцна, ТФТ  Mozzart го врати ударот со победата во „Јасмин“ (76:72).

Во неделните термини, од 18.часот, во салата„Младост“, Гостивар ќе се обиде да го сочува ореолот на непобедлива екипа пред својата публика против најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија – Работнички.  

Нешто подоцна, од 20.30 часот, во Битола, Пелистер го дочекува тимот на Феникс 2010, во обид да ја потврди фаворитската улога пред да стартува оваа серија во која ќе се игра т.н. „мајсторка“.

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ДВОЈКИ - ТРЕТИ НАТПРЕВАРИ

6.МАЈ (САБОТА):

17.00: ТФТ Моzzart - Еуро Никел 2005 (1-1)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/i0aCdaxEG-k?feature=share

7.МАЈ (НЕДЕЛА):  

18.00: Гостивар – Работнички (1-1)

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/r2-SqVyDzTY?feature=share

20.30: Пелистер - Феникс 2010 (1-1)

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MCxxptBIluU?feature=share

 

 

 

*Два натпревари ќе се играат и во Лигата за опстанок. Извесно е дека можеби ќе ги тргнат и двете дилеми околу тоа кои две екипи и понатаму ќе го имаат статусот на прволигаши, а кои други две ќе се преселат меѓу второлигашите.

Ако кошаркарите на Навико Академија ФМП (ефект 5-2) бидат подобри од Струмица 2022 (1-6), во натпреварот кој се игра во сабота попладне (од 17.часот), тоа ќе означи и крај на надевањата, кои се и онака мали, на струмичани, дека и догодина може да бидат во ваа конкуренција.

Од друга страна, ако Чаир 2030 (скор 6-1) биде подобар од Куманово 2009 (2-5), на гостувањето во салата „Перо Наков“, извесно е дека ќе бидат недостижни и за кумановци, но и за струмичани.

Куманово 2009 практично и нема право на пораз на оваа средба. Се освен успех на овој меч, ќе значи и нивно простување од друштвото на најдобрите.

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 2. КОЛО

6. МАЈ (САБОТА):

17.00: Струмица 2022 – Навико Академија ФМП

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nQJdVhXTOxc?feature=share

19.00: Куманово 2009 – Чаир 2030

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/jjhVomAqBVM?feature=share

ТАБЕЛА: Чаир 2030 (6-1), Навико Академија ФМП (5-2), Куманово 2005 (2-5), Струмица 2022 (1-6);