Четвртиот натпревар од финалната серија на плеј-офот, втор во Битола, донесе исто така големи возбудувања, беа налик на претходниот одигран во салата „Боро Чурлевски“. Но сега со поинаков епилог од псоелдното гостување на актуелниот шампион.
МЗТ Скопје Аеродром не ги повтори истите грешки, ја имаше контролата над играта и што е поважно и над резултатот. На крајот и повеќе од доволно да стигнат до третиот, воедно и шампионски поен во финалната серија на плеј-офот (3-1),
За нова, деветта во клупската историја, шампионска титула!
ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 92:103 (1-3)
Доста изедначено стартуваше четврттиот натпревар од финалето на плеј-офот. Видливо беше и по резултатот по првите десет одиграни минути во полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
„Металците“ беа само еден поен подобри од „пелистерци“, (29:28).
Во 16.минута од играта, МЗТ Скопје Аеродром имаше највисоко водство во тој дел од финалето број 4, од (45:38). Слична беше распределбата на поените и на истекот на 20.минути од играта во Битола.
МЗТ Скопје Аеродром беше на чекор поблиску до деветтата титула. Водеа „сино-белите“ со (56:51) во тоа ефикасно полувреме кое поентерски го одбележаа Милошевиќ со 22, и В. Стојановски кој додаде уште десет поени за гостинската екипа која даде седум тројки од 16. обиди.
На онаа битолска страна, Малешевиќ стигна до бројката од 15. поени, а Младеновиќ го следеше со 11.реализации. Пелистерци имаа одлична стрелба зад линијата од 6.75 метри, погодија четири пати од пет обиди загубија 11.топки, исто колку и големиот ривал во ова финале.
По нешто повеќе од две минути игра од продолжението, „аеродромци“ преминаа и во двоцифрено водство, (63:52). Но следуваше серија на финалистот од Битола, од (13:2) за сериозно доближиување од само два поени (63:65) во средината на третиот период.
Но бранителот на титулата имаше доволно расположени играчи да се одбрани од тој напад. Многу брзо се вратија на пристојна резутатска дистанца. На минута и пол до истекот на тој дел од финалето, одново „беа“ најдалеку, одново имаа двоцифрени (81:68). Четвртината ја затворија со слични (83:72).
НЕМАЊА МИЛОШЕВИЌ - НАЈКОРИСЕН ИГРАЧ НА ФИНАЛНАТА СЕРИЈА
Играќотѕ на МЗТ Скопје, немања милошевиќ го доби признанието за најкорисен играч на финаланат серија на плеј-офот. Искусното крило на „металците“ имаше неколку одлични изданија низ оние четири натпревари од серијата која го даде новиот, односн стар шампион. И сосема заслужено го доби престижното признание - МВП на финалето.