МЗТ Скопје има големи (2-0) во серијата која треба да го даде новиот шампион на Македонија откако и на вториот натпревар пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ беше подобар од ТФТ.
За разлика од првиот, гостите од Тафталиџе беа и поконкретни и подобри, го покажаа тоа, особено во првото полувреме дека може да му парираат фаворитот.
Но со одлично едно полувреме, тешко се победува во меч кој носи титула. МЗТ Скопје знае како треба на овие мечеви во кои се казнува секој „пад во играта“, ги валоризира сите свои предности, и сега има три меч-топки во трката за 12. шампионски трофеј во својата богата клупска историја.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 87:82 (2-0)
Ако се мачеа во првиот, тогаш кошаркарите на ТФТ уште на почетокот на вториот натпревар од финалето од плејофот покажаа дека се заслужено предизвикувачи на тешко „победливиот“ МЗТ Скопје.
И тоа во Аеродром...
Носени од брзата и прецизната игра на Браун, потпомогнат од Ташовски, кој влезе во игра од клупата за резервни играчи, гостите креираа одлични (27:17) како што беше резултатот на истекот на првата четвртина.

Шампионот, иако губеше и со -11 (17:28), почна да се враќа од почетокот на втората. И по неполни четири минути тоа заостанување го намали, дојде до (27:30), во голема мерка по залсуга на доста подобрата игра која јаа диктираа Маслинко и Едвин (искомбинираа 13.поени).
Сепак, гостинските играчи најдоа начин да го сопрат тој налет на „сино-белите“. Не само што го одбранија тоа водство, туку повторно имаа сигурна позитива (39:32), како што беше резултатот на три минути пред крајот на полувремето.

Период во кој МЗТ Скопје по втор пат се доближи, но не го стигна водството на ривалот, кој го имаше Браун, кој со својот 16.поен, ги постави оние (42:39) за ТФТ по 20.минути игра во вториот финален меч од серијата кој се играше во СЦ „Јане Сандански“.
Со серија од (15-4), МЗТ Скопје ја презема ситуацијата во свои раце, поведе домашната екипа со (54:46) по нешто повеќе од пет минути од третата четвртина.
Знак за тренерот Боро Смилковски да „потроши“ еден тајм аут во раната фаза од второто полувреме.

Но Крстевски беше третиот играч на МЗТ Скопје (по Маслинко и Едвин) кој влезе во графата на „двицфрени“, ја продолжи искусното репрезентативно крило серијата (11-0) на првакот кој за прв пат на мечот имаше и десет плус (56:46).
Долго време гостите беа на само четири реализации, но уште еднаш „празниот од“ го прекина нивниот најефикасен играч Браун, кој со својот 20.поен, намали на (53:61), резултат кој стоеше по 30.минути од ова финале број 2.
Поените на Едвин (негов 18), по четвртти пат му донесоа плус 10 на МЗТ Скопје (72:62). А Тројката на Петков ја донесе и највисоката предност на бранителот на титулата (75:62), кога останаа нешто повеќе од пет минути до крајот на средбата.
И тоа не беше се, затоа што по „техничката“ на Ташовски, Крстевски донесе и скоро недостижни (78:62).
Едвин ја предводеше листата на стрелците во екипата која победи по втор пат во финалето, даде 24. поени,
Некако „незабележливо“ но стабилно, добро, Крстевски дојде до 17.поени, В. Стојановски постигна 13, а Маслинко финишираше со 11.
Браун сопре на 25.поени, а до двоен број на поени кај ТФТ дојдоа уште и Ташовски и Хотон, кои реализираа по 15, а Зафиров имаше 13.
Третиот натпревар од финалната серија на плејофот ќе се игра на 29.мај (четврток) на кој домаќин ќе биде екипата на ТФТ која своите мечеви на домашен терен ги игра во салата на СРЦ „Кале“.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ ФИНАЛЕ – ВТОР НАТПРЕВАР
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 87:82 (2-0)