Третиот натпревар од финалето на плеј-офот, донесе големи возбудувања. Одлично прво полувреме на предизвикувачот, водство на ТФТ (42:23), на полувремето. Голем „камбек“ на шампионот во третиот период, во кој ја анулира големата негатива (52:52).
И максимално неизвесна последна четвртина, „сиромашна“ со поени, и подобра, пред се, снаодливост на домашната екипа, за голема победа, и обезбедување на барем уште еден натпревар, за неколку вечери, на истото место, во СРЦ „Кале“.
ТФТ - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 63:58 (1-2)
Почеток каков што посакуваа имаа кошаркарите на ТФТ на третиот меч од финалето на плеј-офот. Во рок од само пет минути остварија почетна предност (9:0).
И не се задоволија со тоа момците на тренерот Боро Смилковски. И тоа како мотивирано, изградија уште повисоки (14:1). Скоро седум минути актуелниот шампион беше без поени од игра. Ги реализираше Копривица, кој макар и за момент, го прекина атакот на домашната екипа.
Намалија гостите на (6:14), но не „отидоа“ и преку тоа.

Првиот квотер „црно-белите“ го затворија со исто така висок, двоцифрени (21:10). И одличен старт на Браун, заокружен со реализација на девет поени, скоро колку сите играчи на гостинската екипа. Дополнет со десетте поени кои ги поделија Говенс и Ташовски.
Откако малку одмори, Браун продолжи да го полни кошот на противникот. Стигна до 16. реализации, за уште поголема предност на ТФТ, (30:14), во нешпто повеќе четири минути игра од втората четвртина.
Ништо не функционираше во играта на МЗТ Скопје. Во нападот имаа само 4 реализирани обиди (од 17.обиди). Имаа и сериозни проблеми во дефанзивата затоа што освен Браун, им беше тешко да го сопрат и Говенс, по чија тројка ТФТ стигна до највисоката предност (35:17).
Момент од 16.минута од финалето број 3. Во последните четири од првото полувреме, без особени промени, ниту во играта, уште помалку во резултатот.
На одморот ТФТ „однесе“ повеќе од солидни, високи, (39:23).
На почетокот на третиот период, гостите од Аеродром намалија на (30:44), и го примораа тренерот на ТФТ на ран тајм-аут (по нешто повеќе од две минути). Серијата на „металците“ се искачи на (15-2) доволна да дојдат и до -6, (38:44). Имаа гостите уште понизок минус (45:50), а во 29. минута и (47:50).
Парцијално гледано, во осум минути, МЗТ Скопје направи (24-8) во тој трет период.
И тоа не беше се од бранителот на трофејот во таа фаза од финалето, затоа што по тројката која ја даде Магдевски, МЗТ Скопје поведе, (51:50).
Едвин и Маслинко беа творците на тој пресврт со кој „сино-белите“ се вратија во овој трет дуел од финалната серија.
Сепак, финалните десет минути финалистите ги дочекаа со резултатски егал (52:52).
Значењето на натпреварот им „ги врза рацете“ на двете екипи во решавачкиот дел од финалето. По пет минути игра, МЗТ Скопје даде три, а ТФТ ниту еден поен, интересно, за највисоко водство на гостите, (55:52).

Скоро седум минути домашната екипа беше без поени во последниот дел. Серијата ја прекина нивниот најефикасен играч (20.поени), Браун (намали на 54:56). А Ташовски израмни на (56:56) на 2:40 минути пред крајот. Истиот играч макар половичен од линијата за слободни фрлања, го врати водството на страната на ТФТ, (57:56).
Во последните 60. секунди, Говенс беше попрецизен од истата позиција, зголеми на (59:56), потоа дојде редот на Зафиров, кој постави (60:56), а на „металците“ им останаа нецели 20.секунди за да направат уште еден пресврт во обидите да ја затворат финалната серија во „Кале“.
Не, успеаја, затоа и ќе се игра и четвртти меч во финалето на плеј-офот.
На овој, нов поентерски блесок на Браун, заокружен со 20. поени, 8.скока, 5.асистенции, 17. поени на одличниот Ташовски, и два помалку кои дојдоа од Говенс.
Без краен ефект останаа 19.поени на Едвин, и 12 кои ги реализираше Маслинко за МЗТ Скопје Аеродром.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ – ФИНАЛЕ
ТРЕТ НАТПРЕВАР
ТФТ - МЗТ Скопје Аеродром 63:58 (1-2)