06.04.2024

Кошаркарите на ТФТ Моцарт долго ќе жалат за испуштената шанса за „брејк“, чаирчани надополнија минус од 17.поени, и победија (81:78)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ: Каква „камбек“ победа на Чаир 2030!

Навистина, неверојатен натпревар одиграа екипите на Чаир 2030 и ТФТ Моцарт, прв во серијата во четвртфиналето на плеј-офот. Со „хепиенд“ за чаирчани, кои направија неверојатен пресврт во последниоѕ период, и стигнаа до стартна предност.

ЧАИР 2030 – ТФТ МОЦАРТ 81:78

Почеток како што можеа да посакаат имаа гостите од Тафталиџе во салата „Шабан Трстена“ во Чаир. Уште во првата четвртина се „разигра“ стартната петорка која на теренот ја извади тренерот Боро Смилковски.

Имаа скоро беспрекорен шут, особено за три поени (6/7), Калхун ги погоди сите три обиди, Вертц своите два, што на кошаркарите на ТФТ Моцарт во воведните десет минути и им донесоа и сосема солидно водство.

На крајот на првиот период беше и двоцифрено (28:17).

На почетокот на вториот, двете екипи како да ја „подигнаа рачната“ кога станува збор за поентирање. Долго време двата ривали беа на само седум дадени поени. Но присутниот грч во играта беше многу повеќе забележлив во играта на чаирчани.

А ТФТ Моцарт тоа знаеше сериозно да го казни, и да стигне до плус од дури 17.поени. Во 18.минута, по тројката на ветеранот Нури, гостите поведоа со (43:26). До крајот на полувремето Чаир 2030 успеа да симне дел од тој голем минус, во соблекувалните се замина со резултат (32:45) во корист на гостите, кои останаа на 50% на реализација за три поени (8/16), а Вертц беше прв стрелец со 11. реализирани поени, додека на другата страна, предначеше Галовеј, кој стигна до 13.поени.  

По одморот, продолжија обидите на домаќините да го достигнат водството на противникот. Во неколку наврати имаа едноцифрен минус. Најблиску беа во 28.минута, кога заостануваа само пет поени (51:56). Но серијата од пет поени на Зафирот значеше дека ТФТ Моцарт има игра, и знае како против силно мотивираните играчи на Чаир 2030. За неполна минута разликата одново беше голема (66:53), која со три реализирани слободни фрлања .делумно ја намали Далгер, и постави (56:66).

Уште еднаш, сега во воведните четири минути од последниот дел, двете екипи имаа по седум постигнати поени. Доволно за растојанието да остане непроменето, односно ТФТ Моцарт да има десет поени предност (73:63).

Но и долги шест минути до крајот. Период во кој чаирчани уште еднаш се доближија. Со девет поени по ред, дојдоа на негатива од само еден поен (72:73).

Но и доволно време за комплетен пресврт, 2:34 минути.

Стигна веќе во наредниот напад, кога погоди Далгер, и ја продолжи серијата на (14-0), за преземање на водството (74:73). Минутите без поени, повеќе од пет, на гостите, ја прекина Николов. За уште една резултатска промена, (75:74). Ташовски го повтори истото, за идентичен скор, (77:76). Имаа гостинските кошаркари и напад за уште повисока предност. Но ги „потрошија“ 24 секунди. Ги казни, со две слободни фрлања Роби, за нова промена на резултатот (78:77), на 16. секунди пред крајот.

И потегот на вечерта, грешка на Верц во додавањето, па „кражба“ на Далгер и забивање за недостижни (80:77). Се обиде да ги намали Ташовски, но само половично, од линијата за слободни фрлања, за (78:80).

И Далгер беше половичен од истата позиција, некоја секунда подоцна, за (81:78). А последната шанса за ТФТ Моцарт, овојпат да се избори за продолжение, не ја искористи Зафиров, кој не погоди за три поени, од не баш идеалната ситуација, со звукот на сирената.

За голема, огромна победа за Чаир 2030, прва во плеј-офот, и тоа каква!

Токм уДалгер, човекот на одлупка со 19.поени, Роби кој даде едне поен повеќе, и Галовеј кој додаде 17. Беа и твориците на историсктио триумф за чаиршани.

ТФТ Моцарт долго ќе жали за пропуштената шанса за „брејк“ во Чаир. И „во „вода паднаа“ сите оние добри моменти кои ги имаа трагичарот Вертц, стрелец на 17.поени, оние 14 поени на Калхун, 11 од Ташовски и 10. поени кои дојдоа од Зафиров.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ - ПРВИ НАТПРЕВАРИ

Чаир 2030 – ТФТ Моцарт 81:78 (1:0)

Пелистер - Еуро Никел 2005    94:60 (1-0)

Работнички – Феникс 2010       84:80 (1-0)

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      87:68 (1-0)

*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“