13.04.2024

Бранителот на титулата, победи (89:67), и сочува дел од енергијата и за „јадранските потреби“, има комотни (2-0) во серијата...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ: МЗТ Скопје не „притискаше“ многу, но лесно го скрши отпорот на  Гостивар

Бранителот на титулата, планирано, победи со убедлива разлика, а во исто време и сочува дел од енергијата и за „јадранските потреби“, има комотни (2-0) во серијата...

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГОСТИВАР           89:67 (2-0)

Екипата од Гостивар се покажа како доста цврст, жилав противник за бранителот на титулата. Тоа особено се однесува за онаа почетна четвртина во која гостиварци и водеа, постојано. Имаа и вишок од неколку поени, поточно пет (17:12), кои ги загубија релативно брзо.

МЗТ Скопје практично во „еден напад“ намали на (16:17), на истекот на периодот број 1.

И во оној вториот, не се играше баш ефикасно, но и во една таква игра подобро се снајдоа скопските „сино-бели“ кои до полувремето се стекнаа со солидна разлика (37:32) мерено според случувањата на теренот во СЦ „Јане Сандански“.  А тие кажуваа дека тренерот на домашната екипа Васко Атанасов се одлучи да ја распредели минутажата на сите десет расположиви кошаркари (без повредениот Бојан Крстевски), со оглед на тоа дека за неколку дена ги чека и реванш-натпреварот од четвртфиналето на АБА 2 лигата (гостување во Широки Бријег).

Кога малку „притиснаа“ на почетокот на второто полувреме, „металците“ направија парцијално (13-3), за „половина четвртина“ поведоа со (50:35), некоја минута подоцна, разликата „скокна“ и на (59:39).

На истекот на третата четвртина беш јасно се (69:43) за фаворитот, разлика, која реално гостиварци не беа доволно подготвени да ја „бркаат“ до самиот крај на натпреварот по кој екипата која ја брани титулата има комотни (2-0) во серијата која наредниот викенд ќе се пресели во Гостивар.  

Ретко се случува, но тројца резервни играчи на МЗТ Скопје излегоа и како најефикасни на листата на стрелци. Делалиќ имаше 14.поени, Робев постигна 13, а Андоноски 12.поени, додека на другата страна, солидно издание на младиот Стојаноски заокружено со 20.поени (и девет скока), 17 дојдоа од Вилијамс, а 12 од Слејтер.   

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ТРЕТ НАТПРЕВАР

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      89:67 (2-0)

20.30: Феникс 2010 – Работнички      (0-2)

14.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

12.30: ТФТ Моцарт - Чаир 2030 (1-1)

Сала СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/I0gVHuD8d3c?si=sE70ejhh41sXRD22

18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер (0-2)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/RUtKwtAuGo0?si=_SoCXB0A_v9OoY1Y

*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“