Во третиот натпревар од плеј-оф серијата, МЗТ Скопје по трет пат беше подобар од МКК Куманово. Сега и на гостински терен, за експресен пласман во уште една финална серија од плеј-офот во која аеродромци ќе ја бранат титулата и во националниот шампионат.
МКК КУМАНОВО - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 61:88 (0-3)
Извонреден почеток, на индивидуален план, имаше Војдан Стојановски. Ги погоди капитенот на македонската репрезентација првите пет обиди во воведниот период, оној во кој даде 13. од вкупно 35.поени на својата екипа.
За солидно водство (35:23) во нешто повеќе од 14.минути од играта на овој трет полуфинален меч од плеј-оф серијата. Три минути подоцна, гостите од Скопје имаа и повисоки (41:25).

Не се задоволија со тоа актуелните шампиони, кои ја продолжија серијата на поентирање по која дојдоа и до плус од 22. поени, (47:25).
Ефикасното прво полувреме на гостинската екипа, со тројка го аокрупши Едвин, кој постави (53:28) со кои двете екипи заминаа на големата пауза.
Траеше нешто подолго од вообичаеното (поради празнење на трибината со домашните навивачи), но на теренот немаше некои значителни промени.
МЗТ Скопје, во свој, шампионски стил, рутинерски ги одработи и тие 20.минути и стигна до целта, финалето, во што е можно пократок рок, за да има некој ден повеќе за подготовка за одбрана на шампионскиот пехар.
Петмина гостински кошаркари завршија со двоцифрен број на поени.
В. Стојановски застана на 18.поени, по 15 имаа Едвин и Копривица, Крстевски даде 15, а Д. Стојановски уште 10.
Во МКК Куманово, кој ќе се бори за третото место во конечниот пласман за оваа натпреварувачка сезона, Петровиќ уфрли 16, Луковиќ и Радукиќ имаа по 13.
Утре навечер, од 20.30 часот, во салата „Независна Македонија“, совој трет меч од серијата ќе го одиграат екипите на Работнички и ТФТ.
ТФТ има големи (2-0) пред овој натпревар, кој може да биде и последен во оваа полуфинална серија од плеј-офот.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ:
ПОЛУФИНАЛЕ - ТРЕТ НАТПРЕВАР
МКК Куманово - МЗТ Скопје Аеродром 61:88 (0-3)
18.МАЈ (НЕДЕЛА)
20.30: Работнички – ТФТ (0-2)
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/7vk8_iqi2IM?si=sPSJwSKGnhWd3yXH