Нема мноу време за одмор за четвртфиналистите на плеј-офот. За осумте најдобри во регуларниот дел, следува вториот круг од четвртфиналето. Со нешто променет „распоред на одигрување“, кој го носи учеството на екипата на МЗТ Скопје Аеродром во доигрувањето на АБА 2 лигата.
Во среда навечер, наместо домашни, македонскиот првак ќе има јадрански обврски (меч со екипата на Широки во рамките на четвртфиналето на плеј-офот во АБА 2 лигата), но другите учесници во доигрувањето, ќе го продолжат натпреварувањето.
Екипите на Работнички и на Пелистер, со почетна предност во сериите против Феникс 2010 и Еуро Никел 2005, откако излегоа како победници на првите натпревари одиграни изминатиот викенд.
Од 18.часот, во салата на СРЦ „Кале“, е закажан дуелот помеѓу екипит ен Работнички и на Феникс 2010. Исто така важен како и првиот, кој донесе доста изедначена игра во која победникот беше одлучен буквално во последната минута.
Доста поразлично беше на првата средба помеѓу Пелистер и Еуро Никел 2005, во која „зелено-белите“ одиграа одлично, и стигнаа до повеќе од убедлива победа, која им носи уште поголема самодоверба во пресрет на вториот, кој ќе се игра од 18.30 часот, уште еднаш во салата „Боро Чурвелски“ во Битола.
Би се рекло носи и нова шанса за кавадарчани да ги исправат сите пропусти од оној премиерен меч од серијата која носи настап во полуфиналето или крај на сезоната (за поразениот).
Ден подоцна, на 11.април (четврток) ќе се игра вториот натпревар од серијата помеѓу екипите на Чаир 2030 и на ТФТ Моцарт. Закажан е за 21.часот, во салата „Шабан Трстена“ во Скопје.
За очекување е дека и овој меч ќе биде максимално возбудлив, па и незвесен до самиот крај, каков што беше првиот, а во кој чаирчани со голем пресврт стигнаа до триумфот, за нив и историски, затоа што е и прв во пост-сезоната од постоењето на клубот од Чаир.
Инаку, поради одложувањето, својот втрор натпревар од четвртфиналето, екипте на МЗт Скопје Аеродром и Гостивар, ќе го одиграат на 13.април (сабота), во 18.часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“.
И овде, домашната екипа има почетна предност (1-0) во серијата.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
10.АПРИЛ (СРЕДА)
18.00: Работнички – Феникс 2010 (1-0)
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/gbX4qGjGw10?si=2uUowdfLMnwNOLtz
18.30: Пелистер - Еуро Никел 2005 (1-0)
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/-tbf1n-QwfM?si=1tFFFPCzJ_AB2ryW
11.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)
21.00: Чаир 2030 – ТФТ Моцарт (1-0)
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/wCnX-XrxMEs?si=r_D2VVLMxEInuQ5n
13.АПРИЛ (САБОТА)
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (1-0)
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nDFrHbQaMgk?si=wxi-M48gNSuRwqWZ
*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“