15.05.2024

Во четврттиот натпревар, битолските „бело-зелени“ подобри од големиот ривал (88:80) за конечни (3-1) во полуфиналето, и серија за титула

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ: Пелистер по трет пат подобар од Работнички, за трето учество во големото финале

Четврттиот натпревар од полуфиналата серија, беше и последниот во серијата помеѓу екипите на Пелистер и на Работнички. Битиолчани водеа во текот на целиот натпревар, на крај тоа го крунисаа со трет успех во пресметките со најтрофејниот македонски клуб, доволен за трет пат по ред, да се изборат за место во финалето. И по трет пат во серија да го предизвикаат неприкосновениот МЗТ Скопје Аеродром.

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ        88:80      (3-1)

Висок процент на реализација во шутот од поле, презентираа „пелистерци“ во воведниот период од овој натпревар,четвртти во оваа полуфинална серија. Тое беше евидентирано и во резултатот. „Бело-зелените“ се стекнаа и со двоцифрена позитива, прво имаа (25:15), нешто подоцна и (29:18), за тој воведе дел да заврши со нешто пониски (29:20) за екипата од Битола, во која Планиниќ веќе „акумулираше“ 11.поени.

Работнички „се спушти“ на уште пониски (24:29) на почетокот на втората четвртина. Но домаќините не дозволија нешто повеќе од тоа. За кратко време ја вратија предноста која ги остави во зоната на комфорт (33:24). Но тука и не застанаа, затоа што по поентирањето на Маслинко, кое го направи „двоцифрен“, Пелистер одново имаше двоцифрена позитива (42:32).

Таква беше и на истекот на полувремето, дури и нешто повисока (48:37).

Без особени промени во играта беше отворено и второто полувреме во кое, по новата реализација, сега од Мијовиќ, Пелистер поведе со највисоки (59:42), момент од 23.минута.

Токму овој кошаркар ја диктираше играта во нападот во третата четвртина во која „пелистерци“ по втор пат имаа плус 17, (64:47).

Но Работнички најде сили и начин да се врати во овој натпревар. Поточно кажано, го врати“ серијата од (13-2) за негатива од само шест поени (60:66), по три одигтрани период од полуфиналето.

Следуваше одговор од домашната страна, во вид на мини-серија од (8-2) за ново одвојување, двоцифрено (74:62), и многу порелаксирана ситуација за екипата коај бараше трет „влез“ во големото финале на плеј-офот.

Сето тоа реализирано во неполни две минути од последниот период.

Таа разлика, двоцифрена, бешсе на сила и во наредните шест минути, пред Ѓуроски да ја направи едноцифрена (74:82). Но расположениот Планиниќ, со својот 21.поен, се погрижи во последните две минути, двете екипи да влезат со резултат (84:74). Со пет пооени по ред, младиот Шошкиќ ја врати неизвесноста, макар и за момент (80:86). Но Костоски беше „мирен“, погоди две слободни фрлања вредни ново финале за Пелистер. Трето во последните три години, каде ги чека МЗТ Скопје Аеродром, кој претходно, во три натпревари го елиминираше ТФТ Моцарт. 

Планиниќ заврши со дабл-дабл ефект од 23.поени и 13.скока, го следеше одличниот Маслинко, реализатор на 20.поени, додека Најт и Мијовиќ го завршија натпреварот со по 11.реализации за Пелистер.

По 18.поени кај Работнички постигнаа Рикиќ и Декоузи, додека Ѓуроски заврши со 12.   

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ - ПОЛУФИНАЛЕ:

РЕЗУЛТАТ – ЧЕТВРТТИ НАТПРЕВАР

Пелистер – Работнички  88:80 (3-1)

*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“