26.05.2021

Малку им беа на„пелистерци“ и стартни (14:0), потоа и (36:20), „аеродромци“ ја поништија почетната предност на противникот (79:72)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: „Брејк“ на МЗТ Скопје Аеродром во Битола

МЗТ Скопје Аеродром направи голем, огромне чекор на патот кон учество во уште една финална сертија од плеј-офот во својата серија. Против „дебитантот“ во еден ваков полуфинален систем од финалната фаз ана првенството, битолски Пелистер, екипата од Аеродром направи големо враќање.

Ги стигна почетните (0:14), престигна у уште повисоки (20:36) во втората четвртина. И дојде до планираната цел- победа во првиот меч од полуфиналето на плеј-офот.   

ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ          72:79 (0-1)

Неверојатен почеток имаше домашната екипа. Иако доста ослабена, без неиграњето на капитенот Бојан Трајковски, и недостигот на првиот тренер, Марјан Илиевски, битолчани тргнаа со една турбо-брзина.

Во само 3:14 минути направија воведни (14-0). Но гостите од Скопје (заиграа без Карачиќ) имаа брза реакција, за кусо време, нецели четири минути, се вратија во мечот, намалија на (12:17).

Но првата четвртина заврши со двоцифрена предност на Пелистер од (26:16).

Во продолжението, со серија од (10-4), „зелено-белите“ стигна и до најубедливата предност. Од 16.поени (36:20) како што стоеше на семафорот во 14.минута од овој прв полуфинален натпревар од плеј-офот за шампионската титула.

Но уште еднаш, „металците“ најдоа начини да ја намалат таа висока негатива. До големиот одмор „сино-белите“ надополнија девет поени. Имаа и тоа како „добри“ (37:44) по 20.минути од играта.

Третиот период беше вистинско враќање на гостите кои не само што фатија резултатски приклучок, туку стигнаа и до нерешени бројки.

На три минути пред истекот на третата четвртина беше и нерешено (51:51), откако погоди Бојиќ. Тој стана третиот двоцифрен кошаркар во гостинската екипа, покрај Стојановски и Олуџоби. И прв со дабл-дабл ефект на мечот (плус 10 скока, половина од нив беа офанзивни)

Сепак, водството остана за Пелистер, по 30.минути беше (59:55).

Нп за кратко, затоа што по тројката на Стојановски, МЗТ Скопје поведе за прв пат на овој меч. Во 32.минута беше (63:61). А по втората тројка во овој период од играта во полуфианлето, која исто така ја даде капитенот, МЗТ Скопје Аеродром дојде и на уште повисоки (71:66), но до крајот на играта останаа само четири минути.

А „пелистерци“ со сериозен проблем, како да реализираат од линијата за слободни фрлања. На крајот, тој доста битен момент „влијаеше“ и на конечниот резултат. На другата страна, Мекиќ беше „мирен“ од истата позиција, Во последните 60.секунди му доенсе на МЗТ Скопје Аеродром и недпостижни (79:72).

За посакуван „брејк“ во Битола. И меч-топка за два дена во „Јане Сандански“ и пласман во ново финале, и битката за шампионскиот пехар.

 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром     72:79

18.00: Работнички – Еуро Никел 2005          во тек

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје