Имаа кошаркарите на Еуро Никел 2005 на почетокот на последниот период и 20 поени позитива (56:36). Но за малку и тпоа немаше да им биде „гаранција за успех“ во првото полуфинале со Работнички.
Најтрофејниот клуб во историјата направи големо „враќање“, но на крајот остана покус за два поени во однос на екипата од Кавадарци која носи дома огромен капител во полуфиналната серија.
РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005 66:68 (0-1)
Бројките на семафорот ниски, играта, доле на теренот во СРЦ „Кале“ исто така-слаба.
Работнички и Еуро Никел 2005 одиграа прво полувреме за заборав. Двете екипи како да се натпреваруваа која ќе направи повеќе грешки, и кој ќе потроши повеќе топки во обид да дојде до противничкиот кош.
Нешто повеќе муниција штедеа гостите до Кавадарци, кои на крајот и го добија првото полувреме од првата полуфинална пресметка со Работнички. Имаа плус од два поени (30:28), иако една минута порано имаа и повеќе (30:24).
Премалку за нив ако се знае дека домаќините имаа очајни (2/16) во шутот за три поени, што е едно од нивните најсилни оружја, не само под водство на Димитрар Мираковски од клупата.
И без некои индивидуални отскокнувања беа тие 20.минути, освен ако не се земат в предвид девет поени и седум скока на највисокиот актер на овој меч – Роберт Рикиќ!
Ама баш ништо не се промени ниту по паузата од 15.минути. Двете екипи играа во еден доста спор ритам, кој се чини дека најмногу им одговараше на гостинските кошаркари.
Еуро Никел 2005 беше екипата која одново се одвои, сега и на највисоки девет поени (45:36). Но серијата на кавадарчани беше уште поголема.
До истекот на 30.минути, побегнаа за уште осум чекори.
Имаа огромни, според случувањата на теренот (53:36) во пресрет на оние последни десет!
Тројката на Мијатовиќ донесе и 20.поени разлика (56:36). Но Работнички одговори со своја серија од (8-0), за да намали на (44:56), и да се врати назад во мечот.
Новата тројка, сега на Караџовски, ги доближи уште повеќе, на – 7 (55:62), на 91 секунда пред крајот. А Перовиќ и Дубински имаа „мирна рака“ од линијата за слободни фрлања, го одржуваа тоа не баше лесно стечено водство.
Го намали Ефремовски, со нов точен шут за три поени (62:66), и остави 42. секунди надеж дека неговата екипа може да дојде до комплетен „камбек“.
Уште подраматично беше кога Дубински не погоди за три поени, а Бундовиќ беше сигурен за (64:66).
Но Мијатовиќ ги даде двете најважни „слободни“ на овој меч по кој Еуро Никел 2005 се стекна со водство (1-0) во серијата која за две вечери се сели во Гевгелија каде кавадарчани ги играат своите плеј-оф натшревари поради зафатеност на нивнито „Јасмин“.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ
Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 72:79 (0-1)
Работнички – Еуро Никел 2005 66:68 (0-1)