Во Гевгелија се играа и дополнителни пет минути за да се дојде до победникот но средбата Еуро Никел 2005-Работнички. Две шанси за победа испуштија домаќините во регуларниот дел. Но не ја испуштија третата која ги однесе во финалето на плеј-офот, и борба за шампионскиот трофеј.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – РАБОТНИЧКИ 88:87 (74-74) (2-0)
По нецели осум минути игра од вториот меч од полуфиналето на плеј-фот, Еуро Никел 2005 водеше со сосема солидни (21:12), во голема мерка по заслуга на Караколев кој веќе имаше девет реализации.
Па следуваше реакција од клупата на Работнички – тајм-аут! Но без особен ефект, затоа што по поентирањето на Рикиќ, кавадарчани ја затворија четвртината со (25:17).
Без особени промени во играта протекна и вториот период од овој меч. Кавадарчани беа екипата којa изгради уште повисока предност. И до полувремето имаа комотни (43:30).
По одморот, малку поинаква слика. Конечно гостите од Скопје заиграа нешто поангажирано, пред се, во фазата на нападот. И тоа резултираше со намалување на високата предност на ривалот од Кавадарци. По три одиграни четвртини, Работнички фати приклучок.
Намали на едноцифрени (54:62).
Продолжија да ја бркаат таа не баш ниска негатива. Иако минуваа минутите, не паничеа, и на 3:27 минути пред крајот, по поенирањето на Питс, Работнички дојде и на само „половина поен“ заостанување (69:70), по што мечот во Гевгелија почна да станува и драматичен.
Тоа беше и најава за пресврт, последна која ја испратија „црвено-белите“. Во последната минута стигнаа и до егал резултат. Аска погоди за нерешени (74:74). Но последниот напад го имаше Еуро Никел 2005. Шансата за финале прво ја промаши Дубински, а некоја секунда подоцна, не погоди ниту Рикиќ.
Затоа се играше и продолжение од пет минути...
Во него, екипата од Кавадарци „потегна прва“, поведе со (83:77). Но рано беше за крај. Дојдоа минутите на Работнички, за серија од (8-1) и прво водство (85:84), на нешто повеќе од една минута до крајот на продолжението. Но Рикиќ најде решение во последниот напад, и го врати Еуро Никел 2005 во минимално водство (88:87), кое Питс не успеа да го поништи, па во големото финале и трката за титулата оди Еуро Никел 2005!
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ-2.НАТПРЕВАР
Еуро Никел 2005 – Работнички 88:87 (2-0)
19.30: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (1-0)
Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје