Интересен и максимално возбудлив натпревар одиграа екипите на Работнички и Феникс 2010. Прв од четвртфиналната серија на локалните скопски ривали, во кој на крајот се радуваа кошаркарите од „Градски парк“, за водство (1-0) во серијата.
РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 2010 84:80 (1-0)
По изедначената прва четвртина, која му припадна на домашниот тим, но со минимални (21:19), „црвено-белите“ беа тие кои беа подобар ривал во втората. Направија убава предност од полувремето кошаркарите на Работнички.
По 20.минути имаа позитива од 12.поени, (49:37).
Но по одморот, малку поинаква слика на теренот во СРЦ „Кале“. Кошаркарите на Феникс 2010 успеаја во настојувањата да ја достигнат таа висока негатива. И во десет минути „симнаа“ девет поени од истата.
Стартот на последниот период двете екипи го дочекаа со резултат (62:59) во корист на екипата која важеше како фаворит пред почеток на оваа четвртфинална серија.
Во тие три четвртини од четвртфиналето, Работнички реализираше дури 12.тројки (Трајс и Декоузи седум од нив), но изненадувачки, Феникс 2010 имаше поголем број на скокови, што до некаде и ја донесе рамнотежата и во резултатот.
Рамнотежа имаше и во првите пет минути од последната делница од натпреварот. Работнички имаше плус од четири поени (74:70). Истото „растојание“ беше и две минути подоцна (76:72).
Многу важна тројка, (петта за него) даде Трајс, кој донесе уште повисоки (79:72) во корист на домашната екипа. Но во наредните два напада, две реализации за Феникс 2010, и ново доближување, сега на -3 (76:79) и 90 секунди за одлука, кој ќе биде победник.
Во финалната минута, гостите дојдоа и до уште пониски (80:82). Но Трајс беше мирен од линијата за слободни фрлања, и покачи на (84:80). Уште еднаш во оваа сезона, Рикиќ направи дабл-дабл, овојпат изразен со реализација на 16.поени и 14.скока (плус три асистенции), Трајс го дополни со 18. поени (но и шест скока и исто толку асистенции), а двоцифрен број на поени – 13, за домашната екипа дојдоа од Декоузи.
Кај Феникс 2010, Џонс даде 14.поени, Трајковски и Метјус имаа по 13, а Рис и Дениел дополнија со по 12.поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ - ПРВИ НАТПРЕВАРИ
Работнички – Феникс 2010 84:80 (1-0)
Пелистер - Еуро Никел 2005 (во тек)
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 87:68 (1-0)
21.00: Чаир 2030 – ТФТ Моцарт
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/qPLQB6fa8Sk?si=HBKHDrWshPmtDBhj
*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“