Во драматичната завршница, со тројката на Шошкиќ, со звукот на сирената, екипата на Работнички стигна до третиот поен во четвртфиналната серија и место во полуфиналето каде ги чека нова серија, против екипата на ТФТ.
РАБОТНИЧКИ - ПЕЛИСТЕР 82:79 (3-2)
Екипата на Работнички ќе игра во полуфиналето на плеј-офот откако во петтиот и одлучувачки натпревар од четвртфиналната серија излезе како победник во мечевите проитив битолски Пелистер.
Во најголема мерка, по заслуга на еден од најмладите во тимот, Андреј Шошкиќ, кој го имаше потегот на вечерва. При нерешен резултат (79:79), кога останаа само четири секунди, нладиот репрезентативен бек погоди зад линијата од 6.75 метри и му донесе голема победа на својот тим вредна полуфинале.
И серија против екипата на ТФТ која стартува овој викенд, во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Претходно, домашната екипа беше таа која се стекна со голема пред ност, која на истекот на првата четвртина изнесуваше 16. поени (33:17).
Слично беше и на полувремето (50:36).
Но по паузата од 15.минути, малку поинаква слика на теренот. Гостите од Битола „се вратија“ во натпреварот, и високата негатива ја направија и тоа како достижна. Во последниот период „пелистерци“ влегоа со минус од само два поени (61:63).
По поените на најискусниот во тимот, Костоски, во последната минута и поведоа со (79:78). Но следуваше неверојатната тројка на Шошкиќ, вредна полуфинале за Работнички.
Негов 23 поен, само еден помалку од најефикасниот играч на натпреварот, Стојан Ѓуроски кој даде 24.пред да ја заработи петтата лична грешка, додека Роше заврши со дабл-дабл фект од 17.поени и 12.скока.
На другата страна, четворица двоцифрени кошаркари. Ги предводеше токму Костоски, кој реализираше 21.поен, по 18 постигнаа Мишковиќ и Ентоан, додека Стајиќ даде 16.