03.05.2024

Во вториот натпревар одигран во СРЦ „Кале“, „црвено-белите“ победија со (75:69) за нерешено (1-1) во серијата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ: Работнички му се реваншираше на Пелистер, со егал резултат во Битола

Двата полуфиналисти ќе се „преселат“ во Битола, каде ќе се играат наредните два натпревари со нерешен скор (1-1) по двата одиграни мечеви во СРЦ „Кале“.

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР  75:69 (1-1)

Домашната екипа имаше почеток каков што и посакуваше. Десет минути вво кои се стекнаа со сигурно водство (27:18), кое, според развојот на настаните, ќе се покаже и како доволен за израмнување во серијата која треба да даде еден од финалистите на овогодинешниот плеј-оф.

Битолчани постојано се обидуваа да дојдат до некој резултатски егал, но во поголем дел од натпреварот, тоа го правеа недоволно безуспешно. Освен во последните неколку минути од вториот период од играта во која во два наврати успеаја да израмнат. Прво на (33:33), потоа и на (35:35). Но до крајот на првото полувреме Работнички  направи серија од (8-0) со која ја врати онаа, би ја нарекле, стандардна предност, (43:35).

Сличен беше развојот на настаните на теренот и по паузата. Кога веќе се стекнаа со предност, кошаркарите на домашната екипа, со мали исклучоци, кога Пелистер, на пример, се доближи на половина од таа негатива (53:50), ја чуваа.

На крајот на овој дел од играта, имаа (62:57).

Во последниот период од овој полуфинален дуел, по тројката на Маслинко, гостите од Битола се доближија на само два поени негатива (62:64). Но Рикиќ и Стајиќ го одбија тој напад кој дојде од битолската страна, го донесоа својот тим до (70:64).

Уште еднаш се закани Маслинко, кој го донесе својот тим во само „еден посед“ негатива (68:70), кога останаа да се доиграат нешто повеќе од три минути.

Но се чини дека тројката за победа дојде од Трајс, на 1:12 минути пред крајот, кога го донесе Работнички до плус 6, (75:69). И тогаш недостижно за „пелистерци“ кои сега имаат два натпревари пред својата публика во Битола.

На овој, Рикиќ дојде до нов дабл-дабл, сега изразен со 22.поени и 14. скока, Стајиќ постигна 15, но имаше и шест скока, и четири асистенции, додека по десет поени реализираше двоецот Трајс-Декоузи.

Во составот на Пелистер, Планиниќ заврши со 22. поени и седум скока, и беше единствениот со двоцифрен број на поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ – ВТОР НАТПРЕВАР

Работнички – Пелистер  75:69 (1-1)

7.МАЈ (ВТОРНИК)

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Моцарт (0-1)

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/90SCWkuNp74?si=4M_SWDwjnvEqs23g

*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“