13.04.2024

„Црвено-белите“ и по трет пат беа подобри од Феникс 2010, сега и на гостински терен (101:85)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ: Работнички со „трочекор“ во полуфиналето

Победникот беше одлучен во третата четвртина во која гостите направија клучна предност, ја добија со (34:19)...

ФЕНИКС 2010 – РАБОТНИЧКИ 91:106 (0-3)

Екипата на Работнички е првиот полуфиналист на плеј-офот, откако и по трет пат излезе како победник во серијата со Феникс 2010.

Домапнаат екипа се бранеше само во првото полувреме во кое беше видена резултатска рамнотежа. Макар што по 20.минути од играта, Работнички водеше, иако не убедливо, со (50:46).

Но за разлика од противникот „црвено-белите“ продолжија со ефикасната игра во нападот и во третата четвртина. Следуваше и нивната најдобра шутерска изведба на мечот во СЦ „Јане Сандански“. За десет минути реализираа дури 34.поени, или 15 повеќе од Феникс 2010, за недостижно водство (84:65), во пресрет на последните десет.

Една „шесторка“ во гостинската екипа имаше десет или повеќе поени. Најмногу, 24 дојдоа од највисокиот играч на теренот, Рикиќ, вкупно 24, (имаше и десет скока). Репрезентативецот Ѓуроски дојде до 18.поени, Ѓелетовиќ 17, Декоузи имаше 15, а Трајс и Шошкиќ завршија со по десет поени.

На простувањето од настапите во плеј-офот, кај Феникс 2010, двоен број на реализации имаше американскиот „трилинг“ Метјус (18), Џонс (15) и Рис (13.поени), искусниот Димчевски ја заврши сезоната со 12.поени, додека со 11 дополни младиот Зетов.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ТРЕТ НАТПРЕВАР

Феникс 2010 – Работнички       91:106 (0-3)

14.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

12.30: ТФТ Моцарт - Чаир 2030 (1-1)

Сала СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/I0gVHuD8d3c?si=sE70ejhh41sXRD22

18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер (0-2)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/RUtKwtAuGo0?si=_SoCXB0A_v9OoY1Y

*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“