По двете победи на домашен терен во Битила, кошаркарите на Пелистер стигнаа и до третиот и решавачки поен во четвртфиналнаат серија против Еуро Никел 2005, на гостински терен. Делуваа посигурно, имаа постојано водство, во добар дел од мечот во „Јасмин“ беше и двоцифрено, сето тоа доволоно за да ја затворат, по „кратка постапка“, серијата со (3-0). и да закажат полуфнална серија против екипата на Работнички.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР 69:79 (0-3)
Првото полувреме помина во знакот на гостите од Битола. Имаа постојана предност битолчани во текот на тие 20.минути. Во првите десет имаа вишок од пет поени (20:15), а во вторите, таа разлика ја удвоија, дури и повеќе од тоа.
Тимот кој го предводи тренерот Дарко Радуловиќ на „големиот одмор“ отиде со високи (42:30). Во голема мерка поради ефикасната игра на двоецот Маслинко-Планиниќ кои искомбинираа 25. поени во тој дел од третиот четвртфинален серијал. Но и ол-раунд изданието на Магдевски, кој собра четири поени, пет скока, и дури шест асистенции (играше неполни 12.минути).
Второто полувреме донесе многу подобра игра на кавадарчани. Го отворија со шест поени во серија на Врањеш... Следуваше една тројка на Смит Мек Свејн, и уште две на Дубински, и за неколку минути Еуро Никел 2005 стигна до израмнување (45:45).
За кратко, затоа што дојде и серијата на битолчани, од осум поени по ред, за враќање на солидна предност, (53:45). Успеаја пелистерцид а го одбијат тој напад на домаќините, а што беше исто добро за нив, во напасот „се појави“ и Мијовиќ, кој за кратко време дојде до 12.поени (макар седу мо од нив од линијата за слободни фрлања), и чување на водството (62:53), по три одиграни четвртини во „Јасмин“.
По три и пол минути игра во четвртиот период, Пелистер направи серија (10-4) по која се одвои на највисоки (72:57). А Магдевски сериозно се приближи до трипл-дабл ефект. Веќе имаше 13.поени, но и по осум скока и исто толку додавања.
Некоја минута подоцна веќе беа недостижни за Еуро Никел 2005, оние (60:79).
Пелистер во три чекори обезбедува полуфинале и серија со Работнички, кој синоќа го елиминира Феникс 2010, исто така во само три одиграни натпревари.
Магдевски застана на ефект од 18.поени, 10.скока и 8.асистенции, а претходно најголем дел од задачата завршија Планиниќ, кој имаше 19.поени и 7.скока, Маслинко, кој дојде до 18.поени и 9.скока, и Мијовиќ кој ги испрати со 14.реализации.
Во последниот натпревар во оваа сезона, Дубински реализираше 17.поени (и пет асистенции),Младеновиќ даде 12, а Смит Мек Свејн уште само десет поени за Еуро Никел 2005.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ - ТРЕТ НАТПРЕВАР
Еуро Никел 2005 – Пелистер** 69:79 (0-3)
ТФТ Моцарт - Чаир 2030 76:65 (2-1)
Феникс 2010 – Работнички** 91:106 (0-3)
*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“
** обезбедија место во полуфиналето на плеј-офот