МЗТ Скопје и ТФТ Моцарт го одиграа вториот натпревар од полуфиналната серија во СЦ „Јане Сандански“. Сосема поразличен од првиот, затоа што во овие 40.минути, шампионот беше доминантен, и стигна до лесна, и убедлива победа, за водство од (2-0) во серијата која за некоја вечер се сели во СРЦ „Кале“.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ МОЦАРТ 91:67 (2-0)
Израмнето, ако може да се каже така, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ се играше само во првите неколку минути. Откако гостите намалија на (5:7), уследи серијата од (14-2), на МЗТ Скопје Аеродром за високи (21:7), за првиот период да биде затворен со истиот плус 14, (24:10).
Првата четвртина го одреди и текот на случувањата во втората...
„Металците“ не се задоволија со двоцифрената предност. Брзо стигнаа до уште поголеми, (33:12), како што беше резултатот по нецели 14.минути од играта. Гостите се соземаа во средишниот дел од овој период, кога намалија на (23:36). Но кога МЗТ Скопје шутира со повеќе од 50% на успешност за три поени, тешко се игра против нив.
До полувремето, фаворитот ја врати високата предност, на паузата замина со големи (50:29), а интересно, дури шестмина кошаркари од домашната екипа погодија барем еднаш за три поени во оние крајни (9/14 од таа дистанца).
Одморот не донесе ништо добро за гостите, напротив...
МЗТ Скопје продолжи со ефикасната игра, на средна од тој дел од мечот, бранителот на титулата имаше највисоки (65:36), по што стануваше се појасно дека го направи и вториот чекор кон пласман во финалето и одбрана на шампионскиот трофеј.
Макар што „црно-белите“ уште еднаш се „подигнаа“, направија нова одлична серија, сега од (16-2) со која се доближија на (52:67). Така беше и на истекот на третата четвртина (70:55).
Но тоа беше и крајниот лимит, потошно домет, на екипата која од клупата ја предводи тренерот Боро Смилковски, барем оваа вечер.

Одлично издание имаше Делалиќ, кој финишираше со 20.поени, Војдан Стојановски застана на ефект од 15.поени и пет асистенции, додека Робев и Гилон дополнија со по 11.поени.
Кај ТФТ Моцарт, кој ќе биде домаќин на наредниот, трет натпревар, Вертц реализираше 18, а Луис и Зафиров по 10. поени.
Својот трет меч од серијата, екипите на Пелистер и на Работнички ќе го одиграат на 9.мај (петок), со почеток од 18.30 часот, во салата „Борис Чурлевски“ во Битола.
Резултатот во оваа серија е нерешен (1-1).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ - ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ – ВТОР НАТПРЕВАР
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Моцарт 91:67 (2-0)
Работнички – Пелистер 76:69 (1-1)
*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“