Нема време за одмор за екипите кои се дел од полуфиналето на плеј-офот. По три дена пауза, се повторно на теренот, календарот вели дека во наредните два дена на распоредот се нови мечеви, втори во серијата „подобар од пет натпревари“.
Уште еднаш во улога на домаќини, поради системот, и предноста која ја стекнаа во регуларниот дел од сезоната, ќе бидат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.
Вечерва, од 18.30 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, актуелниот бранител на титулата, екипата на МЗТ Скопје го дочекува МКК Куманово. Секако, во обид да стигне и до вториот триумф во серијата, со кој доста „помирно“ ќе се пресели во Куманово, каде следува најмалку еден меч.
А ако се „мери“ според прикажаното на онаа прв средба, извесно е дека популарните „металци“ се во уште подобра позиција да ја оправдаат онаа улога на фаворит.
Подолгиот играчки ростер, но и „знаењето“ на играње на вакви натпревари се веројатно и најголемите предности за аеродромци, секако, иако, и дефинитивно, никако не смее да се занемари и оној кој доаѓа од трибините.
Тоа, но и извесно, неиграњето на еден важен играч од стартната петорка (Тадиќ), ги намалува шансите на кумановци за евентуално изненадување на второто, по ред, гостување во Скопје.
*ТФТ го направи првиот чекор кон финалето откако во драматичен меч и продолжението од пет минути, го совлада Работнички.
За очекување е, и некој вид на „реприза“ и во среда навечер (од 19.часот), термин кој одново е закажан во СРЦ „Кале“.
Односно нови возбудливи, и до крај неизвесно минути во дуелот на две екипи кои се со приближен квалитет, потврден и во оние први 45.минути од серијата, која ако се земат в предвид оние почетни околности, може да трае максимално – пет натпревари.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ - ВТОР НАТПРЕВАР
13.МАЈ (ВТОРНИК)
18.30: МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово (1-0)
Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скипје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ygr-qpcTslc?si=Mfxh4twyEsqv57Nt
14.МАЈ (СРЕДА)
19.00: ТФТ – Работнички (1-0)
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IjlqgBj_Wzs?si=oUvGXxQk_thJXlWX