Актуелниот бранител на шампионскиот трофеј, екипата на МЗТ Скопје Аеродром направи уште еден, втор чекор на пат кон големото финале на плеј-офот и одбрана на титулата.
Скопските „сино-бели“ беа уште еднаш подобри од кумановските, кои оставија многу подобар впечаток во СЦ „Јане Сандански“, но не го изненадија фаворизираниот тим од Аеродром.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – МКК КУМАНОВО 82:76 (2-0)
Домaќинот ја доби првата делница со минимални (23:21), а одлични шутерски моменти во тој дел од играта, кога станува збор за гостинската екипа, имаше Димитриевски кој ги погоди сите три обиди вредни по три поени (собра 11.поени во таа четвртина).
Но и МЗТ Скопје имаше 50% на успешност од таа позиција (5/10) во тие 10-12 минути од играта во кои поведе со (28:23). До полувремето, таа позитива „порасна“ на (50:41).
За разлика до оној прв меч, на овој кумановци делуваа и изгледаа доста поамбицизно, што и го покажаа на теренот во оние втори 20. минути. Во третиот период, кумановските „сино-бели“ ја смалија негативата на само „еден посед“ (62:65), за дел од мечот биде затворен со нешто повисоки (67:62) за екипата фаворит.

Во оној последниот, во рок од пет минути, МЗТ Скопје направи серија од (12-2) дојде и до највисок плус (79:64), но во оној преостанат дел гостите не се предадоа.
Направија своја серија (12-3), анулираа девет поени од таа висока негатива (76:82), но време з апресврт немаше.
МЗТ Скопје Аеродром води со (2-0) во оваа полуфинална серија која за неколку дена се сели во Куманово.
Поентерски, кај победникот отскокна Едвин, кој реализираше 22.поени, 12 дојдоа од Крстевски, а уште 10. додаде Андоноски, кој успешно го замени недоволно закрепнатиот Маслинко.
Во гостинската екипа, Димитриевски дојде до ист ефект како и Едвин, даде 22.поени, Радукиќ го следеше со 17, додека Петровиќ дополни со 14.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ - ВТОР НАТПРЕВАР
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – МКК КУМАНОВО 82:76 (2-0)
14.МАЈ (СРЕДА)
19.00: ТФТ – Работнички (1-0)
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IjlqgBj_Wzs?si=oUvGXxQk_thJXlWX