30.04.2024

Во првиот полуфинален натпревар, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром за малку подобри од ТФТ Моцарт (79:77) за почетни (1-0)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ: Шампионот се намачи, но на крајот го победи мотивираниот ТФТ Моцарт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со (1-0) во полуфиналната серија од плеј-офот против ТФТ Моцарт, откако во мошне возбудлив, изедначен и неизвесен меч, беа за нијанса подобар ривал од „предизвикувачот“ во оваа серија.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ МОЦАРТ     79:77 (1-0)

Во еден, био се рекло, доста изедначен ритам стартуваше првиот меч од оваа полуфинална серија. Во воведната четвртина, гостите имаа минимални (18:17), но само за кратко, затоа што со пет поени во серија „сино-белите“ уште еднаш преминаа во водство, имаа (22:18), на истекот на тој период.

Ниту во вториот, не се променија многу работите на теренот во СЦ „Јане Сандански“. Бранителот на титулата имаше постојано, не не и високо водство. ТФТ Моцарт го стигна, дури и престигна, Поведоа гостите со (32:29), но во 17. минута, двете екипи имаа по 32 поени.

Сепак, уште еднаш, нешто налик на првиот период, „металците“ имаа подобра завршница и на одмор заминаа дури и со солидна предност (41:35).

По поентирањето на капитенот Д. Стојановски, аеродромци имаа уште повисока позитива (50:42), момент од 25.минута. Но не за долго затоа што „црно-белите“ одново се доближија, макар и на (48:52), а потоа и на пониски (52:55), по тројката која ја реализираше Ташовски (негов 13.поен), за во онаа минута која остана да се доигрува во третата четвртина, гостинската екипа стигна до нов резултатски егал (55:55).

Серијата на поентирање на ТФТ Моцарт ја продолжи, со нова тројка, расположениот Ташовски, кој по две минути игра во последниот дел, донесе ново минимално водство (58:57).

Во „копродукција“ на браќата Стојановски, шампионот одново премина во водство (66:63), некаде во средината на последната четвртина. Но Николов донесе уште еден нерешен резултат на семафорот (70:70), кога останаа да се доиграат уште 3:15 минути.

Во нив, Ташовски донесе нова гостинска предност, (72:70), која со четири погодени слободни фрлања ја „поништи“ Делалиќ, за (74:72). Ташовски продолжи да погодува, стигна и до својот 24.поен, за нов егал (7474).

Но кога беше најпотребно, Војдан Стојановски погоди тројка, за последната минута од првото полуфинале да стартува со (77:74) за бранителот на насловот.

И тајм-аут на Боро Смилковски...

Во оние 56. секунди кои останаа за конечна одлука, Калхун не донесе ново изедначување, а во следниот напад, В. Стојановски не ја потврди победата, од истата позиција, за три поени. Но Калхун направи уште една грешка, која го чинеше ТФТ Моцарт и пораз во овој изедначен дуел во СЦ „Јане Сандански“ по кој првакот се стекна со почетен „капитал“.

Двоецот Стојановски, потпомогнати од Танасковиќ и Делалиќ, реализираа најголем дел од поените за екипата од Аеродром – вкупно  61 од конечните 79.поени..

Ташовски беше најдобар стрелец во составот на ТФТ Моцарт. Повремениот репрезентативец застана на бројката од 20.поени, Хаутон постигна уште 11, а Луис имаше 10.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ – ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ПРВ НАТПРЕВАР

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Моцарт           79:77 (1-0)

Работнички – Пелистер  63:86 (0-1)

*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“