По победата, сега „црно-белите“ имаат две меч топки за пласман во полуфиналето на плеј-офот
ТФТ МОЦАРТ - ЧАИР 2030 76:65 (2-1)
Кошаркарите на ТФТ Моцарт беа далеку подобар ривал на третиот меч од серијата. Од самиот старт наметнаа свој стил на игра кој им донесе резултат. По десет минути игра, домашната екипа поведе со (26:18). Само на секвенци гостите од Чаир играа согласно со нивните желби. Но овојпат имаа проблеми со реализацијата. Особено во шутот за три поени.
Во еден момент од натпреварот, на пример, имаа неверојатни (1/15) во обидите вредни за три поени, што дефинитивно им ја олесни задачата на ривалите.
Сепак, на полувремето се беше отворено“ затоа што ТФТ Моцарт водеше со пет поени предност (42:37).
Решавачка се покажа третата четвртина, онаа во која екипата од Тафталиџе се стекна со недостижен плус. Имаа (64:48) на влезот на последниот период. А во 35.минута таа разлика беше уште поголема, (73:52), па во оние преостанатите, се што сторија гостите беше ублажување на поразот.
ТФТ Моцарт направи превсрт во серијата, сега води со (2-1), пред наредниот натпревар, за неколку дена, кој исто така ќе се игра во СРЦ „Кале“.
На овој, „црно-белите“ има избалансиран напад во кој „учествуваа“ повеќе кошаркари. Добар дел од нив, поточно. стартната петорка, беа „двоцифрени“. Вертц имаше 13.поени, Хаутон 12, Николов и Калхун постигнаа по 11.поени, а Ташовски заврши со 10.
Во гостинската екипа, Галовеј беше единствениот играч со десет или повеќе реализации, имапе 22, премалку да се врати „брејкот“ од пред некоја вечер. Им останува тоа да го направат на мечот кој следува.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ТРЕТ НАТПРЕВАР
ТФТ Моцарт - Чаир 2030 76:65 (2-1)
Феникс 2010 – Работнички 67:90 (0-3)
18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер (0-2)
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/RUtKwtAuGo0?si=_SoCXB0A_v9OoY1Y
*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“